@desden
И да ти е скроз точен точакот, ќе ти треба време да се подесиш и наместиш на него.
Мене ми се случи на EPIC -от да се подесувам 2 месеца дури ја најдам правата позиција , а на Pinarello -to цела сезона.
Меѓутоа како да знаеш дали ти е точен точакот, барем орентационо:
1. Многу е важно да си барем од прилика подесен на точакот што ќе го тестираш, еве редослед по кој треба да местиш.
2. Почни од висина на седиште (треба ногата да има благ лак во најниската позиција од педалата).
3. Намести позиција напред - назад на седиштето (треба ако пуштиш висок од чашката на коленото, додека педалите се во хоризонатална позиција, да високот од таа точка на коленото покажува дека паѓа врз осовината на педалата
4. Намести агол на седиште. Обично е ова благо надолу, меѓутоа треба да седиш баш на делот од седиштето наменет за тоа, и да не те тера нити напред нити позади.
5. бираш должина на стем, на принцип да рацете ти се благо свиткани на гиданот. Не затегнати, ама не и прелабави, туку онака природни
6. Го подесуваш стемот како висина на начин да не те боли кичма. Одиш на онаа висина, каде што немаш притисок на рацете, ама не те ни тера да си со тежината позади. Треба баш избалансирано, и централно тежиште.
Кога ќе се наместиш вака, повози го точакот барем 10-15-20 км и тоа по некакви тесни патеки, или земја.
Ако ти е голем ќе се бориш со него. Нема да осеќаш дека го контролираш, туку тој ќе те контролира тебе.
Ако ти е премал, ќе имаш одлична контрола, ама ќе сакаш да се истегнеш и ќе го осетиш тоа дека ти е премал.
Идеалн е да имаш одлична контрола, ама да ти е удобно и да седиш баш природно, и да осеќаш дека целата снага од нозете се префрла на педалите, а во исто време не се бориш да останеш во средина.
Пробај намерно еден што сигурно знаеш дека ти е голем, и еден што ти е премал, и ќе го осетиш тоа што ти го опишувам
поздрав
Дарко