Прво мораш да дефинираш што ќе возиш и како.
Ако ти е за Cross Country или земи некој short travel Full Suspension (ама за да биде како треба ќе кошта од 1500 еур како минимум па нагоре), или земи саглам Hard Tail.
Бачка се сакам да можам да возам. Е сеа јеби га, на симињање онолку брзо колку што дозволува нивото на квалитетот на опремата што можам да си ја дозволам. Искрено и не знам колку стази кај нас е All Mountain а колку Cross Country или Trail. Нема ни да знам додека не почнам да возам.

Ќе видиме, за месец-два највеќе колку пари ќе се соберат, најверојатно сепак хардтејл ќе биде.
Ако земаш Hard Tail веќе можда има поента 29" (полесно ќе проаѓаш по корења и слично), ама ќе остане тромоста ради тежинта, и ќе го нема оној момент на пипни-трепни.
Мене лично баш ми се допаѓа она кога точакот е баш баш брз, и кога е агилен, и кога влегува во сингл трек кривини ко по шини. Ко спортско ауто
Или ако можеш да најдеш 27.5" можда па тоа е тоа (иако велат дека 27.5 поблиску е до 26 од колку до 29)
Ако остануваш на Hard Tail можеби е добро да прочиташ повеќе за кој материјал
За мене лично најдобри материјали:
1. Карбон - Не е предноста што е полесен, туку што може да се моделира карактеристиката. На пример да биде цврст за оние сили што ние ги вртиме педалите, а да апсорбира вибрации од подлога. Не значи дека ако е Карбон, мора да е добар. Има карбонски што се срање.
2. Челик - Добар челичен рам е далеку подобар од алуминиум. Во исто време апсорбира, лесен е , а може да биде крут кај што треба. Имаме дома една челична КОНА од 95 година, неверојатно како добро вози тој рам. Го возев еднаш до Пелистер и назад, се одушевив.Цврст на качување, ама сепак ги нема вибрациите од алуминиум. Надоле по тие камењата неверојатно добро упиваше.
Ама добар челик кошта многу пари, и не знам дали се прават во некоја High end верзија во 2014 година. (Лош челичен рам е тапа). Исто челикот е поеластичен од Алуминиумот и потешко пука.
2. Титаниум - Добар титаниум има слични карактеристики ко челик, со тоа што е уште подобар. Ова требаше да го ставам пред Челикот
3. Алуминиум - Крут, лесен, меѓутоа знае да биде harsh. Од друга страна ако шпринташ на рамни делови е доста екплозивен.
Лош алуминиумски знае да биде стварно лош (ќе немаш песок во бубрерзи, а можда ќе немаш и кичма).
Инаку предноста на Full Suspension во однос на hard tail е не само на спуштање, туку и на качување. Може да има подобар грип со подлогата. Јас возам Full Suspension, ама типот на суспензијата кај мене многу подсеќа на Hard tail, одосно е short travel 100 мм, и работи само кога има удари од доле. Го нема она пливачко чувство, ама јас тоа и не го ни сакам. Од друга страна ептен добро забрзува, и те тера да го газиш (кога си во кондиција, ко што јас не сум периодов
)
Тоа е тоа.. Од ова што гледам што сакаш, можда треба да размислиш за Carbon Hard Tail во ценовен ранг од 1300 еур со 29" (обавезно позајми од некого и пробај дали 29" ти одговараат како стил на возење), или ако играш на сигурно 27.5"
Убави совети, фала што се потруди овака убаво да објасниш. Да знаеш дека да не бев решен да земам 29ка стандард ќе те прашував за тој Коната дали го продаваш. Ич немам видено челични рамови да се нудат или зборат (освен Кона) а баш прават логика (освен можеби тежината, што за мене не е важно). Тоа е, карбонот ми е некако прескап, посебно пошто еден лош пад со незгоден удар странично во карпа со оштра ивица и може да отиде цела рамка (а изгор скапа е после да ја менуваш). Титаниумот па е поскап и од прексапиот карбон.
Ќе морам алуминиумска рамка, со надеж дека добрите оценки на Сanyon се заслужени. Ергономијата и удобноста на страна, барем даваат 6 години гаранција на рамката и од таа страна сум покриен. (испитана работа со гаранцијата, пар луѓе имаат искористено замена)
Ќе следам на тој линкот
www.cikloberza.com но ако идам на нов точак (а најверојатно ќе), скоро сигурно е дека ќе биде од
www.canyon.comНикој, ама баш никој не нуди такви делови за такви цени како Сanyon. Ме чуди како никој не ги спомињате, ваљда ова со поштаринава е зајеб.
Интересно е за тоа што си го напишал дека фул суспензијата (задња амортизација), важно е што придонесува до подобар грип и тракција со подлогата. Секаде каде што читам ова го наведуваат како една од најважните работи... и кога ќе размисли човек, така е.
За нагоре грипот/тракција е важна заради подобра ефикасност, но надолу... е надолу ако нема грип и тракција значи нема ни вртење, а ако нема вртење тогаш отиде бициксистот со се точак, јабана во некоја провалија (или барем добро паѓање во некоја полајтерска варијанта).

Од тој аспект велат дека тубелес гумите се супер. Може на понизик притисок да се возат а тогаш и тракцијата и грипот се многу подобри. Стандардни гуми (со внатрешна гума) мора да се возат добро напумпани, пошто иначе голем е ризокот од дупнување (најчесто од штипнување на внатрешната). А голем притисок, многу напумпана гума е еднакво на послаб грип и тракција. Еве пар интересни мислења на оваа тема:
http://heavymbrider.blogspot.com/2011/11/best-mountainbike-technologies-you.htmlhttp://heavymbrider.blogspot.com/2012/01/tubeless-ready.htmlФала уште еднаш на согледувањата и на советите.
