Па мислев на буџет од некаде окулу 30 илјади, но да кажеме дека и тоа е... растегливо. Ако испадне убава понуда.
Немам јасна претстава за цените, па наместо буџетот ги опишав потребите.
Чат пат потчитнувам по малку за велосипеди на интернет, ама тоа е површно знаење, па не знам дали држи логика тоа што го барам.
Претпоставувам добар дел од коштањето на деловите е насочено кон намалување на тежината. Мене тежината ми е последна на листата на приоритети, најмногу ме интересира издржливост и трајност, соодветност на намената.
Пред неколку години на совет од другар, купив точак (цена 300е) склопуван од вработен во Вучко. Онака лаички, не беше лош точакот... се до првото поозбилно возење. Нагоре на Китка немав проблеми (кондицијата на страна

), но надоле кога се спуштавме за дваестина минути ми се искриви тркалото. По десетина качувања на Водно почна да заебава преносниот систем, да прескокнува ланецот, и по малку читање на нет видов дека страдам од „крокодилски заби„ и дека треба да мењам и ланец и ѕвезди. Од тогаш, пар години (или повеќе) го користам точаков само на рамно и како таков сеуште е функционален, и не ми се фрлаат додатни пари во тој точак.
Ова е искуство како, за одредени активности треба и соодветен точак. Така да овој пат сум спремен да платам колку што треба за точак што ќе го прави тоа што сакам да го правам со него.