Тука цената не менува ништо.
Секое такво тркало е составено од обрач кој е оптегнат околу осовината со челичните жици. За да ја држи формата сите жици треба да имаат иста тензија. За да те издржи тебе додека качуваш тротоари со 20км/ч, возиш низ дупки, по скали и правиш слични егзибиции тензијата треба да биде не само еднаква туку сразмерно голема на оптеретувањето, мислам дека се движи од 50 до 150 кила на секоја жица, зависи од големина на тркалото и бројот на жиците.
Кога го обесуваш точакот како на сликата цела тежина (десетина килограми) од осовина надоле се пренесува на најгорната жица која при возење издржува неколкупати поголемо оптеретување.