Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1140653 пати)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #1095 на: 15 Август 2013, 17:32:17 pm »
Рамот е далеку од перфектно изработен, мек е и доста игра, дискот кочи жими тасе како хидрауличен, а тежината е тука некаде потврдувам од искуство.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Велосипед
« Одговори #1096 на: 18 Август 2013, 16:43:54 pm »
Конечно му најдов соодветно место за чување, а да не ми пречи :)

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #1097 на: 18 Август 2013, 17:44:08 pm »
Ја лаички да прашам, не е неубаво за точакот вака да виси обесен за тркало, особено подолго време (рецимо зимно време, кога не се вози)? Не е подобро да виси на рам наместо на бандаж?

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Велосипед
« Одговори #1098 на: 18 Август 2013, 18:05:26 pm »
Нема везе. И така и онака точакот секогаш кога стои на тркала, има товар врз него... Во овој случај цел товар иде на задното тркало, али пак, нема гајле. При возење точакот трпи ептен поголеми товари, па ова обесување е ништо во споредба со тоа. :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Велосипед
« Одговори #1099 на: 18 Август 2013, 18:29:11 pm »
Виси на бандаж и на рам :)
Има уште една кука кај задната осовина.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #1100 на: 18 Август 2013, 20:04:13 pm »
Нема везе. И така и онака точакот секогаш кога стои на тркала, има товар врз него... Во овој случај цел товар иде на задното тркало, али пак, нема гајле. При возење точакот трпи ептен поголеми товари, па ова обесување е ништо во споредба со тоа. :)

Ќе те остаам да размислиш зашто ситуациите не се исти. :)

Виси на бандаж и на рам :)
Има уште една кука кај задната осовина.

Вииш, тоа не приметив. Најс.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3415
  • Хюндай Тюсон
Одг: Велосипед
« Одговори #1101 на: 18 Август 2013, 20:18:32 pm »
Јас да го чувам точакот на вакво место од самата помисла дека треба да го вадам и ставам ќе ми се одмили возењето и нема никогаш да го возам.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Велосипед
« Одговори #1102 на: 18 Август 2013, 20:19:57 pm »
Ја лаички да прашам, не е неубаво за точакот вака да виси обесен за тркало, особено подолго време (рецимо зимно време, кога не се вози)? Не е подобро да виси на рам наместо на бандаж?

Цитат
Remember. Your not pushing down on the spokes when you ride. Your hanging from them.

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Велосипед
« Одговори #1103 на: 18 Август 2013, 20:36:54 pm »
Нема везе. И така и онака точакот секогаш кога стои на тркала, има товар врз него... Во овој случај цел товар иде на задното тркало, али пак, нема гајле. При возење точакот трпи ептен поголеми товари, па ова обесување е ништо во споредба со тоа. :)

Ќе те остаам да размислиш зашто ситуациите не се исти. :)

Па да ти кажам размислував, и не гледам што е проблем...
Кога точакот стои на две тркала, без човек, двете тркала носат речиси еднаков товар. Кога е обесен точакот на едно тркало, тоа тркало го носи цел товар. Ама точакот е конструиран да трпи даааалеку поголеми товари отколку ова обесување.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7112
Одг: Велосипед
« Одговори #1104 на: 18 Август 2013, 21:26:50 pm »
^^
Зависи кој точак. Пример мојот ефтин точак, сервисиран со ефтини делови, не го издржуваше мојот товар од ~65 килограми, од кога го имам 3 запчаника скршени и 2 осовини :D

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Велосипед
« Одговори #1105 на: 18 Август 2013, 21:51:21 pm »
Тука цената не менува ништо.

Секое такво тркало е составено од обрач кој е оптегнат околу осовината со челичните жици. За да ја држи формата сите жици треба да имаат иста тензија. За да те издржи тебе додека качуваш тротоари со 20км/ч, возиш низ дупки, по скали и правиш слични егзибиции тензијата треба да биде не само еднаква туку сразмерно голема на оптеретувањето, мислам дека се движи од 50 до 150 кила на секоја жица, зависи од големина на тркалото и бројот на жиците.

Кога го обесуваш точакот како на сликата цела тежина (десетина килограми) од осовина надоле се пренесува на најгорната жица која при возење издржува неколкупати поголемо оптеретување.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #1106 на: 18 Август 2013, 23:19:13 pm »
Нема везе. И така и онака точакот секогаш кога стои на тркала, има товар врз него... Во овој случај цел товар иде на задното тркало, али пак, нема гајле. При возење точакот трпи ептен поголеми товари, па ова обесување е ништо во споредба со тоа. :)

Ќе те остаам да размислиш зашто ситуациите не се исти. :)

Па да ти кажам размислував, и не гледам што е проблем...
Кога точакот стои на две тркала, без човек, двете тркала носат речиси еднаков товар. Кога е обесен точакот на едно тркало, тоа тркало го носи цел товар. Ама точакот е конструиран да трпи даааалеку поголеми товари отколку ова обесување.

Тркалата носат поголем товар, ама тркалата се во константно вртење и тежината многу малку време (односно скоро ич) е на една точка на тркалото.

Пробај стави му на точакот 100 кила на седиште и остави го фиксен 6 месеци. Сигурен сум дека ќе има некакви последици.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Велосипед
« Одговори #1107 на: 18 Август 2013, 23:43:24 pm »
Ќе има последици на гумите. Како што губат притисок преку зима ќе остане константно свиткан долниот дел. Затоа се препорачува моторџиите да го преместуваат моторот преку зима по пола метро од време на време за да не лежи цело време моторот на ист дел од гумата.

Кога го обесуваш точакот на внатрешен дел од тркало ги немаш тие проблеми. Поубаво би било да е само за рамка закачен за да не може да мрда, ама ни ова не му штети на точакот. Еден другар на времето си го чуваше закачен на ѕид во соба, зошто немаше место кај да го чува. Баш фино изгледаше.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Велосипед
« Одговори #1108 на: 19 Август 2013, 00:58:16 am »
Ќе има последици на гумите. Како што губат притисок преку зима ќе остане константно свиткан долниот дел. Затоа се препорачува моторџиите да го преместуваат моторот преку зима по пола метро од време на време за да не лежи цело време моторот на ист дел од гумата.

Кога го обесуваш точакот на внатрешен дел од тркало ги немаш тие проблеми. Поубаво би било да е само за рамка закачен за да не може да мрда, ама ни ова не му штети на точакот. Еден другар на времето си го чуваше закачен на ѕид во соба, зошто немаше место кај да го чува. Баш фино изгледаше.

Поради истите причини, само на ѕид на тераса, не во соба :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Велосипед
« Одговори #1109 на: 19 Август 2013, 01:09:26 am »
Те разбирам. Другарот мислам дека највеќе реши да го стави во соба наместо на тераса за да го заштити од кражбa. Тоа што ја краси собата е бонус. :)

Истото важи за други такви спортски реквизити како сноуборд, скии, кацига... Му даваат карактер на просторот и го опишуваат домаќинот подобро од било кој постер.