Се глеа дека возиш точак до продавница... Тора 302 не е пропадната туку се подешава травел! Ако се вози асвалт и успони се смалува! Ако возиш патеки се зголемува ! Се праи од 80 до 130 мм травел! Преносот се лиже за 500 км ако така ја газиш педалата. Јас со мојот пренос иам пројдено 20к км и нема грепка, ист ко мојот другар сеа го зема лом е и тоа деоре хт. Башка не се глеа тоа се гледаат шајбните. Потрошен матерјал на точак се гуми, ланец, зашчаник и пакни за кочници. Да ги смениш сите тие ствари се поминува со 50 евра и имаш нов точак. А оваа рамка не пука така лесно и криви ротори не е нишо страшно и се шо кажа нема врска!
Извини брат,но точаков твој да не е???Само така би можел да те разберам
Како и да не ги млати луѓето.Вилушкава е отидена речиси до доле.Прашање е воопшто и дали работи.Тие можно е и да паѓаат ама ова е ептен падната(сакал да признаеш или не)Тебе дали на сликава ти личи дека торава е 80мм.Мене ми се чини дека е дојдена до 10мм,еве maксимум 20

.Незнам само како планираш да ја дигнеш оваа тората која не е на воздух.Да беше FOX,SID или Маrzochi ќе ја напумпаше и ќе ја кренеше,ама оваа навистина незнам.Никогаш и сум немал потреба да ги правам порано,а денес си возам FOX,така да ич не се замарам,а и никојпат не сум се замарал.Преносот се лиже можеби и на 500км али само со бонсек.
За педалите нема да коментирам многу,али овие имаат (малку)повеќе од 500 км поминато.
Кочници нема никаква логика да има прави,кога овде преносот е отиден.Инаку оди и кажи на некој друг дека за 50 евра ќе се оправи.
А да! И да си збориме реално.Рамкава ако не е крива и се друго е исправно немало ни таму да го фрлат.А башка и овој странецов што го возел ептен го сочувал,па кочниците му кочат како на ламборгини.

Инаку на гоогле пишува дека точаков е за романски,молдавски и сличните пазари,така да ете колку му е квалитетот.Точаков воопшто го нема на западниве пазари освен на еден британски сајт каде го бев видел.
А и реално да збориме ако вредел повеќе зашто до сега никој го зема земено за 250 евра?

Гледав деновиве по огласиве случајно и видов дека еден велосипед се продал за 1200 евра.
Како е можно тој да отиде а овој да стои.Не ти е малку чудно...
П.С Незнам дали велосипедов е твој,но вака според кажувањево,мислам дека правиме муабет со сопственикот,па ако е така еве ти можност да си признаеш и да си кажеш во каква состојба е навистина велосипедот...
Џабе правиме муабет, од слика ништо не се гледа. Да се појде и да се види треба..
Брат се е тоа добро,ама пат до кичево не верувам да е под 800 денари повратна.Не само што ќе ти отидат во ветар парите туку уште полошо е што ќе се разочараш.Како што кажав.Јас не сум заинтересиран за да купувам,но да си збориме реално.Овде ако се има среќа барем рамката да е како што треба.ќе треба вложување.Инаку од сликата не дека не се гледа ништо туку напротив се гледаат неколку работи.
Вилушка и пренос аут.Гума како што кажа членот погоре треба нова(ај таа и не е многу пари)Тоа е тоа од сликата што се гледа.А во живо кога ќе се види тоа е друга работа....Може и ништо да нечини.
П.с ова не го зборам заинает,туку самата слика од преносот би бил да не речам еден показател за тоа и остава сомневање дека и задните звезди се отидени.