Ако не ја видиш/возиш ништо неможеш да знаеш за бициклата, гумите не се толку лоши, седиштето можеш и дента кога ке ја купиш да го скинеш ако не ја вардиш. Педалите се избледени да, ама сепак ТРЕК-ов е со Деоре шалтери и Шимано хидраулични кочници..така да има уште возење во него.
За 250 евра е премија. Опремата му е супер.
Опремата е стварно супер,али чисто се сомневам дека и 40% е здрава.Прво вилушката е пропадната(не верувам дека се прави,а и да се прави незнам кој би сакал да вози репарирана.Како и да е ќе има тука минимум 50 евра за давање плус, минимум)Второ по педалите и курлата се гледа дека точакот не е возен туку(утепан од возење).да не се лажеме.Ќе треба и нов пренос минимум 50 евра како и осовина еве 15 евра.Дисковите да не зборам.100% некој е крив,ништо чудно и двата па и тука ќе падне некоја пара.И на крај најстрашното.Прашање е дали и воопшто рамката е здрава т.е не е некаде пукната особено искривена.
П.С Ќе се изразам малку автомобилски

Tочно дека ова е бмв кое има 300к.сили,али кое е нестабилно и не оди повеќе од 30 на саат.Точаков за да се направи да биде во добра кондиција треба минимум 150-300 евра,што значи од сам старт минимум 400-550 евра.И пак нема да биде нов.А да и џабе е и Деоре опрема кога е отидена.Она опрема која ќе се смени ќе биде сигурно класа пониска така да точаков на крај испаѓа скап т.е многу далеку од премија...А за 550 евра има и нови велосипеди кои се од 2013 година.Иста тежина и многу помодерни.Не сакам да звучам многу критично,но навистина не видов нешто кај точаков што е за фалење.Мојот прв алуминиумски велосипед беше со деоре хт делови(но изедени целите).Го дадов 100 евра едвај иако тогаш и беа поскапи велосипедите.така да ова максимум таа цена.Ни евро повеќе.И нормално оној што ќе го земе да има уште минимум барем 200 евра за оправка.