Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1016574 пати)

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Велосипед
« Одговори #480 на: 23 Март 2013, 17:08:18 pm »
Не бе баце, заеби ти тоа алуминиумски рам... Тие приказни се за американците. Ако ти се случи да паднеш некаде и да го напукнеш некаде рамот, во Кичево, тешко кој да ти го завари. Земи си челичен рам, и да ти се скрши нешто и да си далеку од дома, сигурно ќе се најде некој во околина со апарат за заварување и ќе ти го пецне колку да те однесе до дома без проблем. Алуминиумскиот рам е добар се додека не настане некој дефект, односно да се скрши или да напукне... После плукни му се ако немаш човек да ти го среди.
Земи си челичен рам, и така не е нешто потежок од алуминиумскиот (2 кила отприлика), ем и со најобичен швајц апарат се средува.
Пак ќе кажам, не вреди алу рам да се зима.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #481 на: 23 Март 2013, 17:09:56 pm »
Влацки, муабетов ти е Бугар стајл. Земи си слободно со алуминиумски рам точак. Каков терен планираш да возиш и која големина на рам бараш?
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Велосипед
« Одговори #482 на: 23 Март 2013, 17:15:41 pm »
Па 60% асфалт 40% офф роуд... За големина не се разбирам многу која е, али околу 1.80 сум и 80кг... 

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Велосипед
« Одговори #483 на: 23 Март 2013, 17:20:28 pm »
Влацки, муабетов ти е Бугар стајл. Земи си слободно со алуминиумски рам точак. Каков терен планираш да возиш и која големина на рам бараш?

А бе како не бил Бугар стајл, само си го искажав своето мислење, и кажав за/против за алуминиумскиот рам. Е сега негово е за што ќе се одлучи. :)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7514
Одг: Велосипед
« Одговори #484 на: 23 Март 2013, 20:58:55 pm »
Не бе баце, заеби ти тоа алуминиумски рам... Тие приказни се за американците. Ако ти се случи да паднеш некаде и да го напукнеш некаде рамот, во Кичево, тешко кој да ти го завари. Земи си челичен рам, и да ти се скрши нешто и да си далеку од дома, сигурно ќе се најде некој во околина со апарат за заварување и ќе ти го пецне колку да те однесе до дома без проблем. Алуминиумскиот рам е добар се додека не настане некој дефект, односно да се скрши или да напукне... После плукни му се ако немаш човек да ти го среди.
Земи си челичен рам, и така не е нешто потежок од алуминиумскиот (2 кила отприлика), ем и со најобичен швајц апарат се средува.
Пак ќе кажам, не вреди алу рам да се зима.

Влацки, ќе си земе квалитетно точаче и нема да има гајле :) Земај алуминиумски ич не се мисли Бузуки.  Ако кај мене пукне рамот, ќе му се намочам на точакот и ќе го продадам ;D

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Велосипед
« Одговори #485 на: 23 Март 2013, 23:02:18 pm »
А бе не е работата за кршење на рамот од чиста мира. Спомна ќе го вози офроуд. Ако падне асално многу лесно може да отиде курбан рамот. После мочај му се ако немаш мајстор.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Одг: Велосипед
« Одговори #486 на: 23 Март 2013, 23:17:05 pm »
Ако падне и рамот отиде, најмалце рамот ќе го боли.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Велосипед
« Одговори #487 на: 24 Март 2013, 02:17:02 am »
Ко така нека си земи некој од постарине точаци направаен од железо и други метали за никако да не попушти, па и нека тежи 30кг и нека го турка нагоре  ;D

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Велосипед
« Одговори #488 на: 24 Март 2013, 10:26:34 am »
Па млад човек е 180цм со 80 кила, не е некој дедо па да му биде тежок. ;D

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: Велосипед
« Одговори #489 на: 24 Март 2013, 11:45:23 am »
за 300 еври имаш нов драг,со алуминиумски рам,е сеа мислам дека не е диск ама а и не ти е потребен

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Велосипед
« Одговори #490 на: 24 Март 2013, 12:07:23 pm »
@ Базуки

Гледај ако земаш со дискови да биди со хидраулични, а не со механички. Механичките бркаат работа, кочат, ама треба и добри пакни да му погодиш за да бидат солидни и пак рацете ќе ти отрпнат од кочење na downhill. А пак v-brake со добри гумчина можи да кочи подобро од механичките дискови, на прилично сув терен.

Моја препорака ако не можиш да најдиш до тие пари со хидраулични дискови, земи си со V-brake (гумчина) кој има подготовка за дискови. Кога ќе собериш накај 200 евра ќе си земиш хидраулични дискови и ќе си ги монтираш.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Одг: Велосипед
« Одговори #491 на: 24 Март 2013, 18:51:41 pm »
Дисковите не се пресудни во приказната, во право е DejzY. Дополнително големината на дискот многу значи, а и лесно се криват. Гледај повеќе на квалитетот на бандаши главини пренос гуми менувачи. V -brake кочат одлично единствена мана е  што полесно се мокарат од дисковите. Ако возиш само на сув време и сува подлога, малае  разликата.


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Велосипед
« Одговори #492 на: 24 Март 2013, 19:37:05 pm »
Абе имало Струга крадени од Швајцарија преку 100 велосипеди... Некој знае нешто во врска со ова ???

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Одг: Велосипед
« Одговори #493 на: 24 Март 2013, 19:46:02 pm »
Не ми изгледа паметно да мотивираш финансиски некој кој што краде. Може еден ден тој и товојот ќе го украде.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Велосипед
« Одговори #494 на: 24 Март 2013, 19:59:13 pm »
Бузуки, абе за 300 евра имаш многу солидни нови точаци, а тоа со крадени и швајцарски и остали лајна одма треба да баталиш