Не бе баце, заеби ти тоа алуминиумски рам... Тие приказни се за американците. Ако ти се случи да паднеш некаде и да го напукнеш некаде рамот, во Кичево, тешко кој да ти го завари. Земи си челичен рам, и да ти се скрши нешто и да си далеку од дома, сигурно ќе се најде некој во околина со апарат за заварување и ќе ти го пецне колку да те однесе до дома без проблем. Алуминиумскиот рам е добар се додека не настане некој дефект, односно да се скрши или да напукне... После плукни му се ако немаш човек да ти го среди.
Земи си челичен рам, и така не е нешто потежок од алуминиумскиот (2 кила отприлика), ем и со најобичен швајц апарат се средува.
Пак ќе кажам, не вреди алу рам да се зима.