Дојде пролет и време е да го разбудам својот верен пријател од зимски сон. Мојот пријател се вика Scott Aspect 50 и се дружи со мене веќе 4 години и никогаш досега не ме изневерил

Но ја досега многу пати сум го изневерил до сега, како на пример една од најголемата глупост што ја имам направено со него е турање на прегорено масло на ланецот ко божем да го подмачкам и се до денес не можам да се ослободам од маслото пробав со се и сешто ама не бива. Совет? Иначе со тој точак можеби имам пројдено преку 5-6000 км. кај не сум го носел

Но највече од се ми е криво што од детска (моја) невнимателност има многу лузни ама добар е. Пролетва планирам да му направам прв голем сервис

мењање сајли, внатрешни гуми, гумици, рачки и целосно прештелување. Па ако има некој искуство со некој асален точкар освен Вучко нека кажува и исто така каде има некоја продавница за асални делови?