Во која смисла инфо?
И двата се Ок, само што велосипед незнам дали знаеш како се купува?
Најбитна е големината на рамот, а потоа седењето...
Второ...
Треба да знаеш за каква вожња ке го купиш...Јас така ја направив мојата прва почетничка грешка...
Големината ја погодив за чудо, но го утнав тотално велосипедот...Купив маунт бајк со крампони и амортизери, а никогаш нити на планина се качив, нити па рипав и скокав со него...Жими ти еднаш или двапати беф по риба со него, као покрај вардар да си возел...
Сва среќа беше многу привлечен на фаца, а и беше сочуван како да е од фабрика, па успеав да го продадам без никаква сопка и тоа од човек кој трипати ми го бараше да ми го купи а ја упорен...
Зошто причам прича...
Затоа што ако точакот го возиш во урбана средина, од типот на Скопје и рекреативно по стаза, маунт бајк со или без амортизери е жива утка...Прво ради големите крампони точакот ке бучи и ке биде ненормално спор...
А второ со помалиот обем на тркало 26-ка ке треба многу да моташ на педаља...
Затоа ке си бараш такозван хибрид со 28-ци тркала кои немаат крампони или ако ги имаат се многу мали и дискретни, + гумите се потенки, не шиштат на стаза и не те кочат. Со две вртења до центар се стига...

Тоа вака на кратко

За тежината исто не би коментирал
