Вреди ли точаков 200 еу?
- 29" XL
- Но нејм алуминиумска рамка, иако ми делува малку тежок (треба да е околу 11кг по спецификација што не верувам дека е)
- Но нејм механички кочници
- Но нејм виљушка со локаут
- Шимано Алтус шифтерите
- Шимано Турнеј заден пренос
- ProWheel преден пренос кој фабрички е малку крив!?
- Quick release на двете тркала и седиштето
- Алуминиумски педали
Барав точак за хоби возење, иако за таа цена претпоставував дека ке има маани. Бидеќи сум висок 193, немав многу избор на големи а ефтини рамки. Не се залетав по брендови бидејќи не сум возел точак 15 години, и не сакам да ми фаќа прашина.
Најголема мана ми е предниот менувач, што не можам да го наштеловам како треба. Од 1 до 3 префрла без мака, но не можам да вратам од 3 на 2, мора да вратам на најмалиот запчаник па после на следниот. И тоа овој проблем мислам дека го имам бидејќи предните 3 запчаници се малце криви, и морам да го наштеловам за да не фаќа на ланецот.
Втора забелешка, тркалата се малце криви, но тие треба лесно да се средат кога ке го однесам на сервис. Не пречат во возење сега за сега.
Незнам дали е ова нормално на велосипеди од оваа класа, или се зезнав што го земав!?
Другите работи ми се океј. Кочници ке сменам за хидраулични ако се пронајдам во ова хоби, иако и овие ми бркаат сега за сега работа.
За другите работи немам забелешки. Убаво ми легна. Возев 4 пати и 100тина километри. Пред 15 години возев собим, па овој сега ми се гледа супер хах.


Sent from my A001LG using Tapatalk