Така е со царината да, баш ме интересира колку ќе ти наплатат од Велотека, па ако порачаш преку нив сподели.
Крајната цена беше 4030 денари со карго до пред зграда. Нарачано беше следново:
https://www.bike24.com/p2359001.html x1
https://www.bike24.com/p2344569.html x2
https://www.bike24.com/p21049.html?menu=1658,1740,1984,1986,1988 x2
На гумите малку им рипна цената, беа 10,99 или 9,99, не можам да се сетам. Малце е незгодно што не можеш да искалкулираш сам колку нешто ќе кошта пред да му пишеш, па јас го замарав неколку дена со различни комбинации. По некои мои калкулации, ми зема околу 10тина евра за оваа нарачка. Не сакав да се заебавам со царини и пошти, па затоа отидов со оваа опција и мислам дека океј поминав.
Деновиве ќе го растурам точакот и ќе се полира рамот. Каква полир паста би ми препорачале за оваа намена? Гледам некои ликови на youtube користат Т Cut Color Restorer, не знам што би било еквивалент на оваа паста кај нас, ради тоа што многу не се разбирам во полир пасти. Дали оваа е поабразивна од стандардната?
Оваа К2 Ultra Cut ми делува солидно, ама не знам кај да барам вакво нешто. По бензински пумпи гледам носат K2, ама баш оваа ја немаше. Ако имате предлог, слободно пишете. Само да не е многу скупа и да не е големо пакување, да не оди многу зијан.