Шо точак стрико имаш за толку скап менувач?
Постар Scott Spark 900 RC

Денес му е ред за миење, па ќе пуштам слика покасно.
Зашто побогу си купил толку скап менувач и NX касета ? 
Мењачот не е "толку скап", бар не ако споредиш со цените на AXS ко излезе првпат пред некоја година. А зошто зедов NX место GX или поскапо, три големи причини.
1. Упола беше со цена во споредба со GX касета
2. Не ми е гајле за тежина, шо е и главната разлика меѓу NX и GX
3. Ако одев на GX касета ќе морав да земам XD freehub, а оваа ја возам на стандарден 10sp freehub
Секако, тука е и муабетот дека GX касетата најмала звезда имат со 10 запци, овде се 11. Ама па напред возам 36 запци, така да тој еден не ми менвит многу.
EDIT: Иначе, бев сабајлево да ги повозам, 30тина километри пред работа. Мењачот е три класи над било шо друго шо имам возено досега (XT, XTR, GX, X01, XX). Ненормално прецизен на секоја промена, немат колебање, мрдање, крцкање, и не му е гајле за каденца.