Да се надоврзам на Зеро, според моите увидувања секако. Јас би барал:
1. Широко убаво седиште. Ако нема се докупува ново.
2. Амортизери да има самото седиште ако може. Ако нема се докупува ново.
3. Стем со амортизер да има ако може. Ако нема се докупува.
4. Амортизер на предно тркало да има. Не се докупува.
5. Амортизер на задно тркало да има. Не се докупува.
6. Рачките да се што повисоко од седиштето. Освен ако не си фантазираш дека си тркач.
Главно за во Скопје најголемиот проблем е неверојатно големата неудобност при возење и труцкање по се и сешто, па од тие причини јас сметам дека Крос решение е правото решение за низ град, а не тркачки. Од истите причини и не се возат 22јки бандажи на колите низ град, туку 15ки. Со тоа што овде е тоа околу пет илјади пати поизразено.
И секако да се потсетиме: