Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1143681 пати)

Отсутен Opticruise

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Велосипед
« Одговори #6660 на: 27 Декември 2021, 23:29:09 pm »
Позз дечки може ли малце помош.. Дали во случајов се работи за ист адаптер?

од сликата шо е прикачена со тој од линкот

http://www.bikemarket.mk/index.php?route=product/product&path=60_73&product_id=190&sort=p.model&order=DESC&limit=75

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #6661 на: 28 Декември 2021, 08:00:49 am »
Вака од сликите истиот е, тоа што си измерил, тој е стандардот, IS to Post mount. Aко имаш 160мм диск, таман си, освен твојот ако не е за 180мм, ама не ми се верува.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Велосипед
« Одговори #6662 на: 29 Декември 2021, 03:29:20 am »
Кој сака да се помоча...

Има различни лудаци, ама точакџиите се најлуди, дури бетер и од овие на скии. :)

(ОК, тој будалата што балансира на јаже над провалија е бр. 1, ама само еден е :))) )

Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: Велосипед
« Одговори #6663 на: 29 Декември 2021, 09:31:44 am »
Така изгледа на видеава иначе не е толку опасно да возиш точак.
;D

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #6664 на: 29 Декември 2021, 11:03:33 am »
Поопасно е сурфањето, 2 метра бранови и нема маж во вода шо ќе влези.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Велосипед
« Одговори #6665 на: 29 Декември 2021, 13:49:53 pm »
najopasno e sedenje v kafana, iako ne izgleat taka

Отсутен Opticruise

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Велосипед
« Одговори #6666 на: 04 Јануари 2022, 23:57:03 pm »
Вака од сликите истиот е, тоа што си измерил, тој е стандардот, IS to Post mount. Aко имаш 160мм диск, таман си, освен твојот ако не е за 180мм, ама не ми се верува.
доцнам со одговор, иначе да задниот е 160

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1928
Одг: Велосипед
« Одговори #6667 на: 16 Јануари 2022, 16:07:53 pm »
Вреди ли да се инвестира во clipless  педали и патики? Има некоја осетна разлика?
Фабричките педали не вредеа за ништо, одма ги сменив со некои од Али со штрафови, вака убав грип има педалата за разлика од старата ама испадна дупло поширока во споредба со фабричката а ја возам на роад бајк, плус штрафовите ми прават дупчиња на патиките па ќе морам да си набавам и нови патики.

Гледам на бајк24 педали и патики 100че фаќа, Shimano SH-RC300 Shoes , Shimano PD-R550 SPD-SL

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18029
Одг: Велосипед
« Одговори #6668 на: 16 Јануари 2022, 16:56:31 pm »
Јас не би се вратил назад на flat педали, сигурноста што ми ја влеваат дека нема да ми летне ногата од педала е нешто што ми е многу битно, зошто огромен дел од контролата иде од педалите.

Плус ѓонот од патиките е поцврст и си го држи стапалото стабилно.

Од негативни ствари е цената зошто треба да спукаш пара и за патики и педали, па иде минимум 100 евра :)
Второ негативно е што треба многу време да се наместат како што треба, т.е. да ти е удобно и да не те повредуваат неосетно преку долг временски период.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1928
Одг: Велосипед
« Одговори #6669 на: 16 Јануари 2022, 17:58:44 pm »
Јас не би се вратил назад на flat педали, сигурноста што ми ја влеваат дека нема да ми летне ногата од педала е нешто што ми е многу битно, зошто огромен дел од контролата иде од педалите.

Плус ѓонот од патиките е поцврст и си го држи стапалото стабилно.

Од негативни ствари е цената зошто треба да спукаш пара и за патики и педали, па иде минимум 100 евра :)
Второ негативно е што треба многу време да се наместат како што треба, т.е. да ти е удобно и да не те повредуваат неосетно преку долг временски период.

Имаш предлог за патики, педали? Кај нас кај има патики по нормални цени,  од странство нз дали ќе погодам големина, 43 носам ама ништо не е универзално денеска.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18029
Одг: Велосипед
« Одговори #6670 на: 16 Јануари 2022, 18:27:14 pm »
Нема да гледаш по број, ќе гледаш по сантиметри. Ќе си ги мериш двете стапала и на основа на подолгото (верувај, едното ќе ти биде подолго), ќе го избереш следниот број.

Shimano патиките се такви, пример ако стапалото ти е 27.5 цм и има патики со 27.5 цм должина, ти бираш еден број поголеми. По форуми ќе најдеш и за други производители како да избереш правилно преку интернет.

Само пази, не порачувај да стигнат тука бидејќи царината за обувки во државава е 22% мислам, и згора на таа давачка ќе ти закачат 18% ДДВ. Ако имаш некој да ти ги донесе од странство, прави така.

Царината е исто и причината зошто во Македонија нема да најдеш добри понуди за патики. Околу 5000 се најефтините што коштаат 50тина евра во странство - барем тоа е моето искуство.

Мене ми помогна член од форумов да си ги добијам овие патики, ги немав пробано никаде, со читање искуства на форуми ги порачав и совршено ми одговараат.

За предлог, најосновните Shimano педали се и повеќе од адекватни и добри, а патики... што можеш да си дозволиш, тоа :) Ако ме прашуваш мене, гледај да има барем еден кружен двосмерен затегач за лесно подесување во возење. Погледни што нуди и Decathlon, имаат интересни модели.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1928
Одг: Велосипед
« Одговори #6671 на: 16 Јануари 2022, 18:46:12 pm »

Ќе најдам летоска да ми ги донесат,  ваљда нема да ги репнат на аеродром за еден пар патики и педали.  Убави патики си земал, јас за почеток ќе барам нешто до кај 60,70 евра, максимум 80 ако нема бројчиња од поевтините.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Велосипед
« Одговори #6672 на: 16 Јануари 2022, 21:24:43 pm »
Дечки освен Dutch Bikes кај има друго место холандски точаци во Скопје?

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #6673 на: 16 Јануари 2022, 22:10:09 pm »
Ни Dutch Bikes веќе нема, пред некое време кога поминав таму пешки, како празно и затворено да беше.

А и повеќето точаци им беа... Крш. Подобро купи нов таков точак. Ѕирни Adriatica или нешто слично. https://www.instagram.com/adriaticabikes_mk/

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 379
Одг: Велосипед
« Одговори #6674 на: 16 Јануари 2022, 23:13:40 pm »
Вреди ли да се инвестира во clipless  педали и патики? Има некоја осетна разлика?
Фабричките педали не вредеа за ништо, одма ги сменив со некои од Али со штрафови, вака убав грип има педалата за разлика од старата ама испадна дупло поширока во споредба со фабричката а ја возам на роад бајк, плус штрафовите ми прават дупчиња на патиките па ќе морам да си набавам и нови патики.

Гледам на бајк24 педали и патики 100че фаќа, Shimano SH-RC300 Shoes , Shimano PD-R550 SPD-SL

Имам нови SPD Спринтерки оригинал италијански. Одат заедно со клитови. Мислам дека беа од 39-41 ама треба да проверам точно кој број. Воедно ако му треба на некој, мене така ми стојат, па ќе договориме.