Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1146229 пати)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1928
Одг: Велосипед
« Одговори #6630 на: 18 Септември 2021, 13:42:37 pm »
Нов Kross 29", со наводно Deore опрема, после 40км за еден ден офф-роад на Маврово беше за комплетен сервис.
Гребеа дисковите, топкаше меџачот позади...

Стар SCOTT, возен по истата патека повеќе пати, не му фалеше ама баш ништо.

Така да не знам дали е до опремата или брендот, ама нешто смрди кај поефтиниве брендови што ги продаваат кај нас.


Мојот е 6000 км,лани земен во Август месец, до сега ништо не му фали. Го однесов да му направат голем сервис на 4500 км негде, ми рекоа се е в ред нема што да се подмачкува. Следен сервис на 10.000 км или следно лето.
Дискови може да гребат и на точак од 5000 евра, едноставно закачуваат на пакните ако не се убаво наместени.

Не верувам дека смрди нешто, опремата е таа, Шимано, СРАМ, штедат на тркалата,осовините, и нормално брендот си крева цена,ако не си познат не можеш да продаваш по иста цена како познат бренд.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #6631 на: 18 Септември 2021, 14:11:12 pm »
Нов Kross 29", со наводно Deore опрема, после 40км за еден ден офф-роад на Маврово беше за комплетен сервис.
Гребеа дисковите, топкаше меџачот позади...

Стар SCOTT, возен по истата патека повеќе пати, не му фалеше ама баш ништо.

Така да не знам дали е до опремата или брендот, ама нешто смрди кај поефтиниве брендови што ги продаваат кај нас.


Си треба да си легнат сајли на место, ако не поминал точакот низ прва контрола после 2 недели возење е сосем нормално да се јавуваат детски болести. Затоа секој продавач инсистира да се однесе точакот на сервис после прво развозување.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Велосипед
« Одговори #6632 на: 18 Септември 2021, 14:53:24 pm »
Не ми е за на Водно од Охрид сум :). За низ град имам крш од 3000 денари и не го мислам, за на асфалт имам хибрид giant купен нов 30000 денари со ви брејк и tourney опрема. Геометријата на giantot е перфектна и кочниците не се лоши ама опремата е катастрофа, колку сакаш штеловај tourney  пак ќе штрака и нема да префрла во брзини како треба. Тринксов е со алтус опрема и сантур вилушка што не е лошо за парите, за истите пари се купува полар со зум вилушка. Имаше неколку Кросс на велосипед.мк солидна опрема за 30000 денари, надвор ми се од буџет и сите кросс што сум ги пробал не ми легнуваат некако, како патики точен број ама пак те стегаат :). Купив половен еднаш и имав толку лошо искуство и реков половен повеќе не купувам, затоа гледам само нови, а за крадење јебига срања се случуваат ги заштитувам колку можам. Giant-от дома е во ходник другите заклучени во подрум, а во Охрид и не се крадат толку како во Скопје.

Отсутен Opticruise

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Велосипед
« Одговори #6633 на: 19 Септември 2021, 23:39:52 pm »
https://nomadmobility.mk/

Има ли некој земано од странава? Добра е? Сигурна?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7366
Одг: Велосипед
« Одговори #6634 на: 19 Септември 2021, 23:57:43 pm »
https://nomadmobility.mk/

Има ли некој земано од странава? Добра е? Сигурна?
Да, продавницата е во зградата на Автомаледонија кај музеј на град Скопје.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #6635 на: 20 Септември 2021, 00:03:35 am »
Потврдувам, Номад се супер и имаат една од најснабдените вело-продавници во државата, огромен продажен простор а никогаш не изгледа празно.

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Велосипед
« Одговори #6636 на: 21 Септември 2021, 01:44:33 am »
https://nomadmobility.mk/

Има ли некој земано од странава? Добра е? Сигурна?

Продавницата е една од најдобрите во Македонија. Ако не и најдобра кога станува збор за спортска опрема.


Отсутен Opticruise

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Велосипед
« Одговори #6637 на: 06 Октомври 2021, 21:28:14 pm »
Исплатливо ли е да се отвара преден амортизер и да се чисти/сервисира? се работи за rockshox xc 30

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #6638 на: 06 Октомври 2021, 21:53:04 pm »
Да, само треба да си имаш соодветно масло за амортизери. На XC30 Coil мислам дека две различни градации беа, една за дамперот и една за rebound.

Јас би препорачал да го дадеш амортизерот на некој да го отвори, исчисти и да му смени масло. Околу 1500 денари чини таа процедура.

Ако решиш сам да отвараш и ти треба масло, побарај на нет кои градации треба и колку милилитри ти требаат, и побарај во некој сервис за мотори, истото масло го користат.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4591
Одг: Велосипед
« Одговори #6639 на: 07 Октомври 2021, 11:49:33 am »
Што би требало од алат за таков захват? Јас имам XC 28, да ја сервисирам во сервис во Германија не ми се исплати мислам, па ако не е прекомплицирано(со видеа гледање нормално) би си ја сервисирал сам. Тука барем се може да се најде од потребни делови без проблем. Ако не, се мислам да ја заклучам и да го трансформирам точакот со потенки гуми па да си го возам како градски точак, и да земам нов МТБ.
Ај чим почнав за сервис, приметив кога качувам брзини на задната касета (3x10 e, Deore XT позади), те од најмала ѕвезда накај најголемата, на некои ѕвезди кога ќе ја смени брзината, малце подрипнува ланецот, како да фаќа на соседната, ама не доволно за да смени брзина. Како се решава ова? Дали е до сајлата од менувачот или нешто друго?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: Велосипед
« Одговори #6640 на: 07 Октомври 2021, 11:55:37 am »
Штеловање на задниот менувач.
Ако не се штелува, нова сајла.
Ако сеуште прави така.

Нов ланец и касета задна.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Велосипед
« Одговори #6641 на: 07 Октомври 2021, 14:51:28 pm »
на предниот погон запчаникот има луфта ист е како на сликата, дали може да се затегне некако кај што е означено со црвен круг или да купувам нов?



еден мајстор ми предложи да го пунктирам на неколку точки, а нов нема никаде прашав во сите можни продавници и групи на фб. Најверојатно ќе нарачам од али ама шипингот е колку делов што кошта.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6295
Одг: Велосипед
« Одговори #6642 на: 07 Октомври 2021, 15:54:00 pm »
Епа пунктирај го де,намести го во правец, оди било каде лимарија кај шо работат  за 50/100 денари ќе го капнат со ц02 од сите страни.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #6643 на: 07 Октомври 2021, 17:30:30 pm »
Што би требало од алат за таков захват? Јас имам XC 28, да ја сервисирам во сервис во Германија не ми се исплати мислам, па ако не е прекомплицирано(со видеа гледање нормално) би си ја сервисирал сам. Тука барем се може да се најде од потребни делови без проблем. Ако не, се мислам да ја заклучам и да го трансформирам точакот со потенки гуми па да си го возам како градски точак, и да земам нов МТБ.
Ај чим почнав за сервис, приметив кога качувам брзини на задната касета (3x10 e, Deore XT позади), те од најмала ѕвезда накај најголемата, на некои ѕвезди кога ќе ја смени брзината, малце подрипнува ланецот, како да фаќа на соседната, ама не доволно за да смени брзина. Како се решава ова? Дали е до сајлата од менувачот или нешто друго?

Мислам 32ка клуч ама препорачливо за на крцкалица. За големинава не ми верувај, истражи подобро. Друго мислам 2 имбуси 4мм или 5мм требаат за од доле да се отштрафи.

И секако, алат потребен да ја извадиш од точак и да ја отштрафиш кочницата. :)

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3907
Одг: Велосипед
« Одговори #6644 на: 09 Ноември 2021, 09:02:51 am »
Decki da preporacate nesto ( sajla, katanec, disk zaklucuvanje od kaj da znam sto ) od iskustvo za kolku tolku nekoja minimalna sigurnost da se zakluci velosiped na nekoja minutka do ovde onde. Ubavo bi bilo da moze online da se naraca od nekoja od stranive za velosipedi. 😁