Што би требало од алат за таков захват? Јас имам XC 28, да ја сервисирам во сервис во Германија не ми се исплати мислам, па ако не е прекомплицирано(со видеа гледање нормално) би си ја сервисирал сам. Тука барем се може да се најде од потребни делови без проблем. Ако не, се мислам да ја заклучам и да го трансформирам точакот со потенки гуми па да си го возам како градски точак, и да земам нов МТБ.
Ај чим почнав за сервис, приметив кога качувам брзини на задната касета (3x10 e, Deore XT позади), те од најмала ѕвезда накај најголемата, на некои ѕвезди кога ќе ја смени брзината, малце подрипнува ланецот, како да фаќа на соседната, ама не доволно за да смени брзина. Како се решава ова? Дали е до сајлата од менувачот или нешто друго?