Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1145922 пати)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #6510 на: 08 Јуни 2021, 11:25:10 am »
Си купив литар бензин за чистење, имам услови и е економски најисплатлив.

Сум подмачкувал и со WD40 порано, трае едно возење, или недела, потоа почнува да квичи ланецот.
Другите спрееви што се за синџир специјално, остануваат и после перење на точакот, не мора подмачкување повторно, е сега јас вода и сунѓер само користам, без хемии, 5мин работа.
На 2-3 недели го поминувам еден круг.

За низ град возење, без многу прашина и кал, 1 месец можи ќе траат спреевите.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Велосипед
« Одговори #6511 на: 08 Јуни 2021, 12:57:32 pm »
Јас на времето (пред 15 години) користев моторно масло за подмачкување, стварно не сум во тек со новините во одржување на денешните бицикли, мислам дека нема да му смета на ланецот пак да му капнам, во случајот имам 5-40  :)
Своерачен потпис ;)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #6512 на: 08 Јуни 2021, 14:03:33 pm »
Не му смета, ако не го користиш многу, најповеќе и ќе трае.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #6513 на: 08 Јуни 2021, 17:28:37 pm »
Ве читам и си кринџам. Моторно масло на ланец и опрости се и од ланецот за некое време, и од запчаниците и од чист точак и од све.

Поентата на специфично "масло" за велосипедски ланци е дека по ставање на ланецот, треба да се засуши во форма на восок, на филм/слој кој ги отфрла нечистотиите.

Овие работи што вие ги зборите ги привлекуваат и задржуваат нечистотиите. Ланец на мотор е 3 пати подебел и по-хеви-дјути од велосипедски ланец, и притоа има неколкукратно појаки метали користено во својата конструкција зошто за таа намена е небитна тежината.

Кај велосипеди, немаш 100 коња што ланецот треба да ги издржи и пренесе на задно тркало, и поради тоа имаш помеки и полесни легури далеку поподложни на механичко абење од ситниот песок и другите нечистотии што ги собира ланецот од патот.

Ако имате точак што ви е небитен во животот, мачкајте со што ќе стигнете. Ако имате точак за кој се грижите и сакате да ви потраат компонентите, фрлете некој денар плус за квалитетен лубрикант за ланци за велосипеди (не за мотори).

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Велосипед
« Одговори #6514 на: 08 Јуни 2021, 21:03:35 pm »
@MartinAlfista Препорачај слободно нешто за ланецот, што мазиво и каде да се земе. Планирам точакот прво убаво да го исчистам, не е возен со години, така да може препорака и за средство за чистење (дали со обично средство за обезмастување или многу е јако).
Своерачен потпис ;)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #6515 на: 08 Јуни 2021, 21:50:21 pm »
Ха ха,
многу паѓате на маркетинг, ама секој со своето.

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1029
Одг: Велосипед
« Одговори #6516 на: 08 Јуни 2021, 22:21:45 pm »
Земете си масло за точак не се ситничарите кога шишенцето вас ќе ве надживее. Со моторно масло лом ќе се направите и вие и точакот и синџирот и касетата.

@Power to the people

Како трошиш пола литро масло за 6 месеци? Кола не троши толку масло ти на точак ќе го истуриш?


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Велосипед
« Одговори #6517 на: 08 Јуни 2021, 22:35:49 pm »
Побитно е редовно одржување отколку со што се одржува точакот, но не би исклучил денешниве да се понежни :)

Можеби немав пари за скапи точаци изработени од авионал како што возеа некои шминкери...последно возев некој Јапански, (не се сеќавам на називот), не користев никакви специјалитети, но неколку пати во сезоната го расклопував, детално го чистев и подмачкував...извозев илјадници километри без да испари ланецот, да зариба мењачот...

Имав еден другар со Пинарело, ракавици, патичиња и остало...јазикот до колена му беше кога извозевме една партија со мое темпо :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #6518 на: 09 Јуни 2021, 00:48:39 am »
Го препорачувам MucOff, некое од сувите, т.е. за суви услови, сум ги пробал скоро сите поскапи што ги има на продажба кај нас, ова ми оставило најдобар впечаток.

Ова што го имам сега го купив лани на почеток на годината, на некоја од честите акции што ги има во Nomad Mobility, големо шишенце за 670 денари (редовна цена 990 беше).

Јас лично претерувам со грижа за велосипедите затоа што тие ми се предмети кои ми носат неизмерно задоволство кога ми се по мерак, а подмачкувачов што ви го предложувам ми е најмерак од се што сум пробал - трае стотина километри во суви услови, собира многу малку до ич нечистотии, лесно се нанесува и брзо се претвора во восок.

Иначе, идеално процесот на подмачкување со масло за ланци за велосипеди треба да се одвива на следниот начин:
- чистиш ланец
- сушиш ланец со чиста хартија (кујнски бришач)
- подмачкуваш ланец
- бришеш ланец со чиста хартија да отстраниш вишок (крпа остава влакненца на ланецот)
- чекаш 2-4 саати
- возиш

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #6519 на: 09 Јуни 2021, 07:27:52 am »
Земете си масло за точак не се ситничарите кога шишенцето вас ќе ве надживее. Со моторно масло лом ќе се направите и вие и точакот и синџирот и касетата.

@Power to the people

Како трошиш пола литро масло за 6 месеци? Кола не троши толку масло ти на точак ќе го истуриш?

Кои пола литро, 50мл е паковањето, едно чаше ракија.
50мл се 400ден во Номад, 120мл 800ден, не дека Номад се скапчии, туку Макофф се.
6000ден литар масло, па кое масло кошта толку?


Иначе, идеално процесот на подмачкување со масло за ланци за велосипеди треба да се одвива на следниот начин:
- чистиш ланец
- сушиш ланец со чиста хартија (кујнски бришач) (кујнски бришачи за раце дома не земаме, не па за па синџир)
- подмачкуваш ланец
- бришеш ланец со чиста хартија да отстраниш вишок (крпа остава влакненца на ланецот) (каква крпа? чорап брат, нешто ако запни некое влакно, нема да заглави синџирот, верувај ми)
- чекаш 2-4 саати (ах, друштвото ќе ме е6ат ќе ме чекаат 2 сати јас да го исушам синџирот)
- возиш (веќе заминаа, сам терам сега)

Гарантирам исто дека спреевите за моторни ланци траат 100км во суви услови, а можи и повеќе пошто сигурно моторџиите Охрид-Скопје и назад не подмачкуваат три пати, ако веќе така гледаме на работите.  ::)

Извини брат малку те истролав, терај си го твоето, кој како сака, само сакав да кажам дека има поефтини алтернативи за луѓе кои еднаш во викендот ќе одат до Водно или паркот. Толку марифети каков твоите не му требаат, повеќе ќе се вртат околу точак него што ќе извозат.

Мир! (емоџи со двапрста)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1928
Одг: Велосипед
« Одговори #6520 на: 09 Јуни 2021, 07:29:21 am »
Го препорачувам MucOff, некое од сувите, т.е. за суви услови, сум ги пробал скоро сите поскапи што ги има на продажба кај нас, ова ми оставило најдобар впечаток.

Ова што го имам сега го купив лани на почеток на годината, на некоја од честите акции што ги има во Nomad Mobility, големо шишенце за 670 денари (редовна цена 990 беше).

Јас лично претерувам со грижа за велосипедите затоа што тие ми се предмети кои ми носат неизмерно задоволство кога ми се по мерак, а подмачкувачов што ви го предложувам ми е најмерак од се што сум пробал - трае стотина километри во суви услови, собира многу малку до ич нечистотии, лесно се нанесува и брзо се претвора во восок.

Иначе, идеално процесот на подмачкување со масло за ланци за велосипеди треба да се одвива на следниот начин:
- чистиш ланец
- сушиш ланец со чиста хартија (кујнски бришач)
- подмачкуваш ланец
- бришеш ланец со чиста хартија да отстраниш вишок (крпа остава влакненца на ланецот)
- чекаш 2-4 саати
- возиш

Се согласувам. Јас мукофф от го нанесувам на 250км наместо на 100како што пишал Мартин. Ланецот ми е 4200 км уште не е за мењање, уље имам потрошено некои 25,30 мл што во превод е некои 140 денари.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44961
  • Il Moderatore
Одг: Велосипед
« Одговори #6521 на: 09 Јуни 2021, 07:34:20 am »
У мое време ланец на точак се чистеше со нафта (бензинот го испостува премногу) и се подмачкуваше со SAE 90 (потенките прскаат малце повеќе). Не знам сеа што се сменило, ама јас сум немал проблеми со ланците со години.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #6522 на: 09 Јуни 2021, 07:39:01 am »
Зависи од возењето, јас менувам на 5000км, од кои мнозинството км ми се offroad и претежно нагоре, ретко со чист точак да си одам дома, освен нешто локално. Од пелистер често се поминува низ реки, потоци, сиџирот се прави лом со вода, кал и слично. Есапот мене со макофф не ми излегува. За роад можеби не се осеќа.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3867
Одг: Велосипед
« Одговори #6523 на: 09 Јуни 2021, 09:38:08 am »
@MartinAlfista потпишувам дека треба да отстои за да „залепи“ убаво, ама нема потреба од толку пари фрлање, појдете до Скај Мото земете си Motorex голем спреј, 800ден е мислам околу 250мл и накривете капата. Јас на кросот одвечер го прскам ланецот, претходно стакло исчистен, ендуро возам и по 5-6ч. што кога ќе го претвориш во километри согласно условите, кал, прашина, вода, е многу повеќе од 100км, па нема гајле, за напорот што го трпи ланецот да не правам муабет.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #6524 на: 09 Јуни 2021, 14:27:32 pm »
Поточно 500ml e, и е 600ден.