@MartinAlfista каква е таа трака, дај малку упати не!?
Денес ми стигнаа новите надворешни, за малку ќе им викнев сам да ги мењам!

Изгуглај rim tape, ќе ти стане јасно какви опции се на располагање.
Генерално на поефтини тркала се става трака на бандаж од сличен или ист материјал како и внатрешна гума, и таа се деградира, собира и станува крута со тек на време, што остава можност внатрешната гума да влезе во дупчињата на внатрешната страна на бандажот. Тоа, само по себе не е опасно, ама во случајот на Ѓорѓи, точакот седи на тераса, на висока амбиентална температура, притисокот во гумите расте, гумата создава балончиња во малите дупчиња и кај што е најслаба, пука баш како што покажал членот на сликата

Истото се случува и на точаци со V brake или роуд бајкови со caliper кочници, при континуирано кочење. Кочењето го загрева бандажот, од загревањето се зголемува притисокот во гумата и таа си пука откако ќе навлезе во дупчињата на бандажот.
Ако веќе сакате самоделски да го решите проблемот, потребна ви е
нееластична трака, нешто како duct tape или платнена трака за авто изолации. Изолирот се деформира од притисокот и проблемот се повторува.
Тестирани ми се овие ствари, кога имав работа со ефтини точаци и тркала кои имаа уште поефтини траки на бандажи.