Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1145925 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #6090 на: 09 Септември 2020, 13:09:36 pm »
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gotova-prvata-pateka-vo-velosipedskiot-park-na-vodno-so-koja-ke-se-odvojat-peshatsite-od-velosipedistite/




ГОТОВА ПРВАТА ПАТЕКА ВО ВЕЛОСИПЕДСКИОТ ПАРК НА ВОДНО СО КОЈА ЌЕ СЕ ОДВОЈАТ ПЕШАЦИТЕ ОД ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕПатеката е нагорна, со вкупна должина од 3.432 метри и се протега од полициската станица до Средно Водно. (Фото: СДК.МК)

Заврши изведбата на првата велосипедска патека на скопската планина Водно. Деновиве треба да биде поставена вертикална сигнализација и, како што велат од Град Скопје, таа ќе го добие финалниот изглед. Оваа патека е дел од велосипедскиот парк наВодно, кој Градот го прави за да ја зголеми безбедноста на сите посетители на планината преку физичко одвојување на велосипедистите од пешаците и планинарите.

Патеката е со вкупна должина од 3.432 метри и се протега од полициската станица до Средно Водно. Патеката е со променлива широчина, најмногу до 3 метри и, како што велат од Град Скопје, ја следи постојната конфигурација на теренот и не го нарушува природното опкружување, а при нејзината изградба не се оштетени или исечени околните дрвја.

Патеката ќе биде официјално пуштена кон крајот на месецов со еднодневен настан односно фестивал за алтернативен туризам, кој Градот го организира по пат на јавен повик.

„Овој настан е дел од проектот кој го реализираат Град Скопје и Советот за регионална соработка. На истиот се очекува да учествуваат сите активни учесници во алтернативниот туризам, со главен акцент на велосипедизмот. Се надеваме на активно учество на што повеќе велосипедисти, а секако и на водечките компании за продажба на велосипеди и опрема во земјава. Со развој на алтернативниот туризам не само што се поттикнуваат здравите навики кај граѓаните, туку и се поттикнува и економскиот развој. Компаниите кои се занимаваат со продажба на ваков тип на опрема, па и можеби производи поврзани со здрава исхрана, ќе имаат можност на овој настан да ги промовираат своите производи. Ќе биде организирана трка со велосипеди по нагорната велосипедска патека, а за помладите можеби и трка со тротинети на паркингот на Средно Водно. Целиот настан ќе се организира на Водно на отворено, со големо внимание на протоколите и мерките за заштита од ковид-19“, вели Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје.

Патеката е нагорна планинска велосипедска патека и е една од трите велосипедски патеки предвидени за изведба годинава. Движењето во спротивна насока односно надолу ќе биде најстрого забрането. За оваа намена се предвидува патека која што ќе се изведе паралелно со оваа, а на неа ќе биде забрането движењето нагоре. Со тоа, велосипедистите ќе добијат комплетна алтернатива за искачување и спуштање на Средно Водно во однос на асфалтниот пат кој води до горе и е преоптеретен со сообраќај во деновите погодни за рекреација. Третата патека е предвидена за спуштање од врвот Крстовар до Средно Водно. Таа ќе биде за поискусните во овој спорт.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4591
Одг: Велосипед
« Одговори #6091 на: 09 Септември 2020, 13:25:36 pm »
Добро е што конечно има посебна патека, но барем од оваа фотографија се гледа дека не е баш згодна за возење. Има многу кривини на кратко растојание и не е практично за практкување велосипедизам. Ако е само овој дел вака и морало така да се изведе ок, но ако е цела стаза вака нема да е практична.
« Последно менување: 09 Септември 2020, 13:59:40 pm ficomk »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #6092 на: 09 Септември 2020, 13:52:17 pm »
За нагоре е оваа и неможе да има преголем успон. Затоа е вака.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #6093 на: 09 Септември 2020, 14:14:13 pm »
Таман си е за нагоре, за надоле нема ни поента да се вози по неа.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #6094 на: 09 Септември 2020, 14:54:51 pm »
А и пократко е околу 1 км. Во секој случај, убава работа, ќе ѕирнам деновиве.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #6095 на: 09 Септември 2020, 19:21:00 pm »

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7366
Одг: Велосипед
« Одговори #6096 на: 09 Септември 2020, 20:36:47 pm »
Смо што се симнав, свака част за стазава, мераци за возење, нема коли, сенка, убавини.

За 100% уживање си бара mountain bike,  ама се вози и со хибрид. На почетокот е само мека земја и треба внимателно.
Не е претешка, таман е направена, со дрвени мостови, со одморалишта.... БРАВО.

Крајот е точно под црквата на Средно.

Еве и по некоја слика:









П.С. Ако продава некој mountain bike 29" или сл. нека пише.
« Последно менување: 09 Септември 2020, 21:29:54 pm AUUU »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #6097 на: 09 Септември 2020, 22:19:16 pm »
Ја спушташе бе? ;D

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1928
Одг: Велосипед
« Одговори #6098 на: 09 Септември 2020, 23:10:03 pm »
Треба да стават знак за забрана за спуштање, додека не се испотепаат.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7366
Одг: Велосипед
« Одговори #6099 на: 09 Септември 2020, 23:20:10 pm »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Велосипед
« Одговори #6100 на: 10 Септември 2020, 07:18:13 am »
Топ изгледа стазава за на угорница, овде единствен проблем можеби е ако сакаш да поминеш некој што е спор малце тесничко е.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7366
Одг: Велосипед
« Одговори #6101 на: 10 Септември 2020, 07:25:26 am »
Топ изгледа стазава за на угорница, овде единствен проблем можеби е ако сакаш да поминеш некој што е спор малце тесничко е.
Баш така, за поминување е тесно и претпоставувам дека ќе биде проблем, ама конфигурацијата  на теренот е таква да изгледа не може поширок да биде патот. Има и одредени делови каде што е пошироко.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Велосипед
« Одговори #6102 на: 24 Септември 2020, 11:51:11 am »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6295
Одг: Велосипед
« Одговори #6103 на: 24 Септември 2020, 12:01:27 pm »
@velestrumf TÜV sagt nein.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Велосипед
« Одговори #6104 на: 26 Септември 2020, 19:27:14 pm »
Као демек ќе се правела огромна велосипедска патека што го кружи прилепското езеро, стига до рудникот за мермер Сивец и се враќа назад до градот. Груба проценка тоа е околу 20тина километри.

Се тоа звучи убаво, додека не сфатиш дека најверојатно беше исто предизборна кампања.