Неколку работи:
1. Кошулици обавезно, зошто тие ја прават целата гомнарија најчесто. Земи си Shimano, Jagwire, Clarks ете препорачаа, што ќе ти одговара ценовно, не е ни многу битно се додека не е чајниз џенерик.
2. Од тие што одат позади, кочницата ти е најлесна, втор по тежина е задниот менувач, трет предниот. Ако не се осеќаш сигурно со штелување, предниот менувач не мора да го чепкаш.
3. Задниот менувач е доста едноставен за штелување, откако ќе го сфатиш концептот. Буквално 3 работи треба да се запазат за да ти менува брзини перфектно:
- low limit - колку менувачот оди кон лево
- high limit - колку менувачот оди десно
- tension - самообјаснувачки, колку е затегната сајлата.
Со првите две ти го ограничуваш менувачот од каде до каде да се движи, додека за другото е одговорен шалтерот напред - ти немаш никакво влијание околу тоа. Твоја задача е што попрецизно да го наместиш оној range во кој менувачот смее да се движи.
Еве ги според мене најдобрите туторијали за оваа тематика:
GMBN - How to adjust your rear derailleurGCN - How to adjust your derailleurМи се допаѓаат зошто прво ја објаснува „науката“ позади менувањето брзини, за полесно да си нацрташ во глава.

Од корист ќе ти е задното тркало да не е на земја, полесно се работи така. Ако немаш како,
еве идеја. Ако заглавиш, пиши на FB
