Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1014632 пати)

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Велосипед
« Одговори #5010 на: 30 Мај 2018, 13:54:49 pm »
хахаха сеа го прочитав, до тоа ќе да е  ;D ;D ;D

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1393
  • Велешанче
Одг: Велосипед
« Одговори #5011 на: 04 Јуни 2018, 14:06:24 pm »
Не знам дали има некој ваков рам по отпадиве во Велес, ако има би купил еден за да си го средам вака :)
по
Големи се шансите било кој од твоите познаници да има ваков точак забатален упичкуматерину и заборавен. Дај им 1000че да мислат дека те заебале и прави си мерак. Само јас би одел на малку различен пристап од дечките во видеото, а тоа е комплетно вадење на бојата со челична четка на бормашина и powdercoating на рамот и вилушката. :) Фарбав рам со спреј и не е тоа тоа, не е воопшто издржливо, а имаше и 3 раце лак. Powdercoating дури и поефтино ќе ти излезе. Во Златна Рака во Скопје бараат 700 денари за рам и 100 за вилушка. Џабе. :)
Поминале три години од кога сме го правеле муабетот. Пред еден месец случајно во подрум кај едни роднини забележав постар роуд велосипед. Се договорив и го земав за 1000 денари. Марката е Sprint Unis со 5 брзини. Има две џам нови рубена гуми. Планот ми е да ги извадам браниците и светлата, да сменам трака на рачките и седиште. Нарачав трака и нови рачки за кочници за да можам сајлите да ги ставам под траката. Ми фали уште седиште, па ако имате предлог за некое добро слободно кажувајте. Еве една сликичка:
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Велосипед
« Одговори #5012 на: 04 Јуни 2018, 14:22:54 pm »
Имам иста.. Мојата нема гребнатинка, хромот на браниците е како нов..

Ијас планирам да си ја средам баш ме интересира како ќе испадни кај тебе..

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #5013 на: 04 Јуни 2018, 14:55:04 pm »
Не знам дали има некој ваков рам по отпадиве во Велес, ако има би купил еден за да си го средам вака :)
по
Големи се шансите било кој од твоите познаници да има ваков точак забатален упичкуматерину и заборавен. Дај им 1000че да мислат дека те заебале и прави си мерак. Само јас би одел на малку различен пристап од дечките во видеото, а тоа е комплетно вадење на бојата со челична четка на бормашина и powdercoating на рамот и вилушката. :) Фарбав рам со спреј и не е тоа тоа, не е воопшто издржливо, а имаше и 3 раце лак. Powdercoating дури и поефтино ќе ти излезе. Во Златна Рака во Скопје бараат 700 денари за рам и 100 за вилушка. Џабе. :)
Поминале три години од кога сме го правеле муабетот. Пред еден месец случајно во подрум кај едни роднини забележав постар роуд велосипед. Се договорив и го земав за 1000 денари. Марката е Sprint Unis со 5 брзини. Има две џам нови рубена гуми. Планот ми е да ги извадам браниците и светлата, да сменам трака на рачките и седиште. Нарачав трака и нови рачки за кочници за да можам сајлите да ги ставам под траката. Ми фали уште седиште, па ако имате предлог за некое добро слободно кажувајте. Еве една сликичка:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Наздравје возење! :)

Ако ти се итни делови, да не ги чекаш по месец дена, порачувај си од кај човеков.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Велосипед
« Одговори #5014 на: 06 Јуни 2018, 18:50:18 pm »

Законот
предвидува соодветна опрема што мора да ја поседува секој велосипед, или велосипед со мотор како што е пропишано. Покрај возилата и велосипедите и велосипед со помошен мотор , во сообраќајот на патиштата треба да имаат исправни пропишани делови и опрема.

Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на возач што постапува спротивно на правилата за велосипед.

Согласно правилникот од страна на министерството за внатрешни работи како задолжителна опрема на возилото и велосипедот за безбедно учество во сообраќајот на патиштата е пропишано следното:

Опрема за велосипед и велосипед со помошен мотор

* Светло за осветлување на патот и обележување на возилото
Едно светло за осветлување на патот на велосипеди и на велосипеди со помошен мотор треба да биде поставено и прицврстено на предната страна на возилото. Светлината што ја дава светлото треба да биде во бела боја, а оддалеченоста на светлечката површина на тоа светло од површината на патот не треба да биде помала од 40 cm ниту поголема од 120 cm.

Едно задно позиционо светло во црвена боја на велосипедите и на велосипедите со помошен мотор треба да биде поставено и прицврстено на задната страна на возилото. Оддалеченоста на светлечката површина на светлото по површината на патот не треба да биде помала од 25 cm ниту поголема од 90 cm. Светлото може да биде поставено со катадиоптер.

* Катадиоптери на велосипеди и велосипеди со помошен мотор

Еден катадиоптер во црвена боја на велосипедите и на велосипедите со помошен мотор треба да биде вграден и поставен на задната страна на возилото, а по еден катадиоптер во жолта или портокалова боја – на секоја страна на педалот (од предната и задната страна). Оддалеченоста на рефлектирачката површина на катадиопетерот со црвена боја на задната страна на возилото од површината на патот не треба да биде помала од 25 cm ниту поголема од 90 cm.

Рефлектирачката површина на катадиоптерот во црвена боја на задната страна на возилото треба да биде најмалку осум cm. На бочните страни на предното и задното тркало на велосипедот и велосипедот со помошен мотор треба да има рефлектирачки тела што рефлектираат светлина во бела или жолта боја.

Сопирачки на велосипед и велосипед со помошен мотор

Сопирачките на велосипеди и велосипеди со помошен мотор треба да бидат вградени и поставени за секое тркало, и тоа најмалку по една сопирачка така што да се меѓусебно независни, со тоа што сопирачката на предното тркало треба да биде рачна.

Механичко или електрично ѕвонче

Механичкото или електричното ѕвонче на велосипедите и велосипедите со помошен мотор служи за давање звучни знаци и треба да биде вградено така за да дава едноличен звук со непроменлив интензитет.

Друга опрема за велосипеди и велосипеди со помошен мотор
Друга опрема за велосипеди и велосипеди со помошен мотор со која се опремени овие возилата е:

– брзиномер;

– циклокомпјутер и пулсметар;

– носач или ногарки за потпирање;

– пумпа, алат и прибор;

– калници;

– бидони и држач за бидони;

– багажник;

– кошница;

– клучалка, сајла со катинар;

– торбичка за ставање на резервен алат и

– седиште за деца.
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Dickle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 94
Одг: Велосипед
« Одговори #5015 на: 07 Јуни 2018, 01:02:33 am »
Мхм, нема проблем.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Велосипед
« Одговори #5016 на: 07 Јуни 2018, 08:15:02 am »
Незнам шо е тоа Бидон.
Можи некој илинденски македонец да ми преведи?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #5017 на: 07 Јуни 2018, 08:20:04 am »
Шише за точак да ти се викало „бидон“.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #5018 на: 07 Јуни 2018, 08:30:48 am »
Пред некој ден еден дечко ми кажа дека нашол вакви светленца во Номад. Имаше и предно и задно, и беа многу кул пошто се мали и дискретни и скоро незабележливи кога се угасени.



Бев, немаше, ќе имало за месец два.

Дали случајно знае некој каде можам да најдам? Само плиз не ми давајте линкови од Алиекспрес итн, стварно не ми се чека месец и кусур за светленца.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Велосипед
« Одговори #5019 на: 07 Јуни 2018, 08:33:11 am »
GearBest :)

Две имам нарачано, одлични се :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5200
Одг: Велосипед
« Одговори #5020 на: 07 Јуни 2018, 09:00:38 am »
Пред некој ден еден дечко ми кажа дека нашол вакви светленца во Номад. Имаше и предно и задно, и беа многу кул пошто се мали и дискретни и скоро незабележливи кога се угасени.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Бев, немаше, ќе имало за месец два.

Дали случајно знае некој каде можам да најдам? Само плиз не ми давајте линкови од Алиекспрес итн, стварно не ми се чека месец и кусур за светленца.
Повелете: http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1965539

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Велосипед
« Одговори #5021 на: 07 Јуни 2018, 09:01:22 am »
Незнам шо е тоа Бидон.
Можи некој илинденски македонец да ми преведи?
Незнам шо е тоа Бидон.
Можи некој илинденски македонец да ми преведи?

Има и Strap-on ама погуглајте малку, да не ви даваме на тацна сега се изџвакано.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #5022 на: 07 Јуни 2018, 09:09:36 am »
Пред некој ден еден дечко ми кажа дека нашол вакви светленца во Номад. Имаше и предно и задно, и беа многу кул пошто се мали и дискретни и скоро незабележливи кога се угасени.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Бев, немаше, ќе имало за месец два.

Дали случајно знае некој каде можам да најдам? Само плиз не ми давајте линкови од Алиекспрес итн, стварно не ми се чека месец и кусур за светленца.
Повелете: http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1965539

Тенкс! Ќе се јавам денес. :)

Едит: Најдов уште еден оглас, има нешто слично. http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1501802

Отсутен Dickle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 94
Одг: Велосипед
« Одговори #5023 на: 07 Јуни 2018, 09:33:28 am »
Пажљиво со тие лампите, батериите што ги бараат се по 40-50 денари една, а не се многу штедливи и знаат да бараат по две.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #5024 на: 07 Јуни 2018, 09:34:50 am »
Пажљиво со тие лампите, батериите што ги бараат се по 40-50 денари една, а не се многу штедливи и знаат да бараат по две.
Баш тоа сакав да го спомнам. Затоа секогаш барам се да е со AA батерии или 18650 зошто се најлогични за употреба.