Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1015113 пати)

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Велосипед
« Одговори #4980 на: 28 Мај 2018, 19:25:23 pm »
Дечки, да ви препорачам одличен маратон. Кој нема возено на Бистра, ова е супер можност да се запознае оваа планина :)

https://www.facebook.com/events/147749245861143/

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #4981 на: 28 Мај 2018, 20:46:17 pm »
Дечки, да ви препорачам одличен маратон. Кој нема возено на Бистра, ова е супер можност да се запознае оваа планина :)

https://www.facebook.com/events/147749245861143/

Да им пренесеш на организаторите дека котизацијата им е - благо кажано - ретардирана. Срамно е ова, особено што патеката е веќе со години истата, нивна задача е да постават обележувања на клучните скршнувања и да пратат луѓе со 15 кила банани на Чавкарник.

650 (или 900) денари не им плаќам ни јас, нити некој со здрав разум ќе плати. Вие што ќе се тркате - убаво да си поминете :)

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Велосипед
« Одговори #4982 на: 28 Мај 2018, 21:47:29 pm »
Патеката е прописно обележана и до сега никој не се изгубил. На чавкарник секогаш има банани, портокали и барчиња виталиа. Барчиња има и во стартниот пакет. Има логистичка поддршка во случај на дефект. Има ручек во Фершпед по завршувањето. Парични награди за првите 5 на двата маратони. :) Маратонот не е само за тркање, Рекративно возење на Бистра има посебен шмек :)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #4983 на: 28 Мај 2018, 22:41:57 pm »
Со 900 денари што нема да ги дадам на котизација ќе платам гориво од Скопје (кои ќе ги поделам со дватројца другари). Останале уште 600 денари. По 100 денари за патарина ќе поделиме, останале 500 денари.

100 денари за банани, портокали и барчиња, останале 400 денари. Со 400 денари ќе ручаме многу поквалитетно од ладните макарончиња во Фершпед пред 2 години (кога котизацијата беше 300-350 денари во финалниот термин).

Ценовната политика ми личи на елитизирање на настанот - да учествуваат само богатите селфи манијаци со карбони купени да висат на ѕид, а не нормална раја со желба за точак и одлично расположение. Се надевам организаторот е свесен дека го уништува најдобриот маратон/тура што Македонија некогаш ја видела. Бистра е навистина препрепреубав предел и што повеќе луѓе треба да извозат точак таму.

Со котизација од 650/900 денари... Се помалку и помалку луѓе ќе учествуваат.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Велосипед
« Одговори #4984 на: 29 Мај 2018, 06:00:48 am »
Чисто информативно, види колку е котизација за настан кој што нема натпреварувачки карактер. :)

http://azot.velesbiking.mk/#programa

Никој не те тера да одиш со сила, ама а и самиот знаеш дека не е точно тоа што го напиша погоре :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #4985 на: 29 Мај 2018, 07:42:52 am »
Се сложувам со мартин за некои работи, да не се лутиш баги, немам јас ништо против планината и пределот, туку реално гледано организаторите гледаат и ќар да направат.

За мене маврово малиот маратон треба да биди обратен, вртев, вртев, вртев по камења нагоре некој сат, за на крајот да има 5 минути спуст по асфалт.  :-\

Па еден ручек што дадоа потоа, шпагети човече, 10 денари порцијата ги кошташе во таа меаната. За техничка поддршка, да не правиме муабет, на сите настани до што сум бил, скоро и да нема техничка поддршка, два пати јас му имам крпено синџири, гума ако немаш да си смениш, заборави.

За 650ден приватно ќе си направиш убав ручек после возењето, и имаш кусур за намирниците и водата за турата. Ако се тркаш ќе си платиш, а за рекреативно, ќе почекаш сите да тргнат па после нив си возиш.


Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #4986 на: 29 Мај 2018, 09:35:50 am »
Чисто информативно, види колку е котизација за настан кој што нема натпреварувачки карактер. :)

http://azot.velesbiking.mk/#programa

Никој не те тера да одиш со сила, ама а и самиот знаеш дека не е точно тоа што го напиша погоре :)

Знам дека е точно, иначе не го пишував. Во право си, никој не ме тера да одам, а сакам да одам како што сакаат многу други бајкери ама не се луди да даваат 900 денари за да учествуваат.

Споредбата со Азот? Имаат дводневна програма со бендови и ДЈ, и бонус други работи. Ќе споредиме слики од атмосфера после Азот и после Мавровски, ќе видиш колку сум во право :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #4987 на: 29 Мај 2018, 09:39:26 am »
Не дека се разбирам, пошто ваквите настани не ме интересираат баш, но прашањето што го имам е - ако некој веќе организира ваков настан, обезбедува ресурси (луѓе, итн), брка соодветни дозволи (ако се потребни, не знам), итн, итн, проблем е да заработи нешто?

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #4988 на: 29 Мај 2018, 09:57:36 am »
Не дека се разбирам, пошто ваквите настани не ме интересираат баш, но прашањето што го имам е - ако некој веќе организира ваков настан, обезбедува ресурси (луѓе, итн), брка соодветни дозволи (ако се потребни, не знам), итн, итн, проблем е да заработи нешто?

Не е проблем заработката, проблем е што котизацијата порасна скоро 300% за 2 години од необјаснети причини. Она што ме лути мене е што со вакви чекори се уништува најдобриот и најубавиот велосипедски маратон во Македонија.

Нека заработува он, ама како газда на велосипедска продавница и тркачки клуб, очекував да се залага малку повеќе за „земај точакот и ајде на возење во природа“, а не „пуни телефон, селфиња да сликаш“.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #4989 на: 29 Мај 2018, 10:00:01 am »
Спонзорите слабо се покажале очигледно.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 674
Одг: Велосипед
« Одговори #4990 на: 29 Мај 2018, 10:05:34 am »
бараме логистичка поддршка во случај на незгода, бараме да била патеката прецизно обележана, музички групи да не забавуваат, макароните да биле топли и плус да ни платат за да учествуваме. Тоа е тој балкански менталитет!!!

Споделете сличен настан што се организира на традиционално долги години, да видам колку е котизација за истите и дали тие го организираат настанот од љубов кон велосипедизмот, без профит

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Велосипед
« Одговори #4991 на: 29 Мај 2018, 10:22:45 am »
Не дека се разбирам, пошто ваквите настани не ме интересираат баш, но прашањето што го имам е - ако некој веќе организира ваков настан, обезбедува ресурси (луѓе, итн), брка соодветни дозволи (ако се потребни, не знам), итн, итн, проблем е да заработи нешто?

Не е проблем заработката, проблем е што котизацијата порасна скоро 300% за 2 години од необјаснети причини. Она што ме лути мене е што со вакви чекори се уништува најдобриот и најубавиот велосипедски маратон во Македонија.

Нека заработува он, ама како газда на велосипедска продавница и тркачки клуб, очекував да се залага малку повеќе за „земај точакот и ајде на возење во природа“, а не „пуни телефон, селфиња да сликаш“.
do genetikta e, sea ko stana fanki tOcakOt treba da se na paat malku pari :D inaku sekoj drug klub moze na taja staza da napraj isto taka trka/manifestacija pa neка povelat i ostanatite, neka se pokaze konkurencijata ... od sto ke proizleze kvalitetoot...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #4992 на: 29 Мај 2018, 10:36:41 am »
бараме логистичка поддршка во случај на незгода, бараме да била патеката прецизно обележана, музички групи да не забавуваат, макароните да биле топли и плус да ни платат за да учествуваме. Тоа е тој балкански менталитет!!!

Споделете сличен настан што се организира на традиционално долги години, да видам колку е котизација за истите и дали тие го организираат настанот од љубов кон велосипедизмот, без профит

Толку се бара. Тоа чкртнатото може у газ да си го напикаат бидејќи никој не оди на тура/маратон за макарони и музика. Арно ама, кога наплаќаш 900 денари за котизација со рута која е обележана од години и години возење, ќе се фалиш дека макарони има за ручек.

Нека бркаат работа, ќе им се удри од глава ова што го прават во следниве 2-3 години.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
Одг: Велосипед
« Одговори #4993 на: 29 Мај 2018, 11:00:48 am »
900 ти е за 91 км, пошто некој треба да ја спреми таа траса, контролни точки, сервисни зони итн итн. Башка ќе влета некој изгубен Германец па после треба некој да ја плати потрагата.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Велосипед
« Одговори #4994 на: 29 Мај 2018, 11:26:40 am »
Плус имаш бранови на уплата скоро за секој настан. Како се ближи датумот на настанот, така котизацијата расте. Тоа е тренд секаде во светот за вакви настани.

Стартарина – бранови на уплата
01 - 28.02.2018 23:59:59, стартарината за големиот маратон изнесува 600 МКД, а за малиот маратон 350 МКД
01 - 31.03.2018 23:59:59, стартарината за големиот маратон изнесува 700 МКД, а за малиот маратон 450 МКД
01 - 30.04.2018 23:59:59, стартарината за големиот маратон изнесува 800 МКД, а за малиот маратон 550 МКД
01 - 31.05.2018 23:59:59, стартарината за големиот маратон изнесува 900 МКД, а за малиот маратон 650 МКД
01 - 14.06.2018 23:59:59, стартарината за големиот маратон изнесува 1.200 МКД, а за малиот маратон 900 МКД