Ништо од држачот од декатлон. Во упатството за користење не ја пишува мојата кола така да најверојатно не одговара.
Ќе земам најверојатно од еуростил, барем на лице место да пробам.
Sent from my MI 6 using Tapatalk
Многу веројатно (како што напомена @bramovsk) ќе се мачиш да најдеш држач за 5та врата поради спојлерот. Мене ич не ми текна на тоа.
Да се распрашаш низ Тетово, да видиш дали има некој што носи кровни шини за коли... Поскапа варијанта, ама кај мене беше единствена опција тоа (5тата врата има стакло до сами рабови, не можам да обесам држач), и сега засега далеку побезбедна опција, односно помалку се тресам на дупки дали ќе оставам точак некаде.
Најдов еден што носи шини, 7000 ми побара само за шините и плус 6000 за два држача за точак. Ќе видам во еуростил за на 5та врата па после тоа ќе барам за на кров.
Sent from my MI 6 using Tapatalk
Зависи чии се, ама 7000 само за шини, за Фиеста, некако многу ми стојат... Ако се решиш за таков чекор, ѕирни си во Еуростил, алуминиумски АутоМакси, Кам или Менабо, одлични се, особено за цената. Не би требало да се повеќе од некои 5500. Дополнително на тоа, ќе треба да земеш држачи за точак.
Не знам дали
@bramovsk мисли на истиот, ама имаше некој Радевски ли, Раденковски ли, што знам, нешто така беше, имаше добри понуди на половни држачи.