@RedEco Јас си имам некоја теорија дека велосипед за градско возење, особено за градови во Македонија, треба да биде мунтањ бајк. Распаднатите улици, патеки и високи тротоари си бараат дебела гума и амортизерче напред за да имаш флоу кога возиш и да не се симнуваш од точак константно, и да не ризикуваш болна смрт возејќи по улица. И да се научиш да стоиш на точак дур идеш преку препреки и дупки, кои ги има многу, пошо иначе многу гуми ќе кинеш со штипење на ивици. Ако те секира отпорот на дебели гуми со крампони, секогаш можеш да си земеш сликс. Диск кочници се исто така јака ствар, со тоа што имаш ефтини опции од Tektro (јас возев Tektro Draco 6 години и тоа на Водно, по козји) и entry-level изведби од Shimano, кои се одлични без разлика на цената. Од Avid/Sram би препорачал да се бега.
Значи, по мене идеален точак за некој што не се замара со точаци, а пак сака да не му биде скратено ништо, би бил некој со најбејзик Tektro или Shimano хидраулични диск кочници и Suntour XCM или XCR виљушка со coil spring бидејќи нема потреба од воздушна. Дијаметар на тркала нема да коментирам, идеш на поефтината опција што најчесто ќе е 27,5 цола или ако имаш среќа 26 да најдеш, додека мењачите, т.е. derailleurs што следуваат у пакет со другиве делови кои ги набројав се повеќе од доволни, обично ставаат Shimano Alivio позади и Acera напред. Важно е да земеш точак чија величина на рам ти одговара и ако си на граница помеѓу две величини, секогаш иди на помалата. Тука има (бајаги) простор за дискусија, ама не би навлагал у тоа, сејф опцијата ти е да ја земеш помалата величина.
Да, Polar се ствар, ама јас би проверил и во Пробајк или како и да се викаше продавницата на Лазе во Кисела Вода, во уличките позади рампа. Номад избегавај ги, прескапи се. Исто така, провери во продавницата до Вучко кај универзална, тие носат Drag точаци и мислам дека имаат понуди за твојот буџет, слично како Polar. Не верувам дека сѐ што наведов горе ќе можеш да најдеш за цена која ти одговара, ама пробај барем поголемиот дел да е исполнет.