ја возам Пињарело роуд и пред 3-4 години кога бев кај Денда и го прашував за сервисирање ми кажа дека поновиве точаци не треба често сервисирање пошто имаат индустриски лагери и на кој сервис да ги однесеш тие не ги чепкаат.. фактички за 1000 ден сервис ти го расклопуваат точакот нешто ќе подмачкаат и тоа. најбитно е средната осовина барем еднаш годишно да се отвори и подмачка, ма да пак зависи новиве холоу тек шупливи осовини се со индустриски лагери така да и тоа нма што да му сервисираш освен да го издуваш од прашина. Е сега баш обратно постариве точаци имаат доста работа , и затоа по сервисиве не се нафаќаат да се заебаваат со конуси растурање па подмачкување па лагери на вилушка а реално тоа треба да се сервисира зашто кај новиве делови речиси и нема што да се сервисира, додека тера вози, кога ќе се расипе на сервис ти кажуваат треба да се менува
Напротив, и индустрискиот лагер бара подмачкување. Секој лагер има пластичен поклопец кој се вади, и од тука се подмачкува (ако сакаш да ти трае подолго, секако). Дефинитивно не се „користи и фрли“ компоненти. Индустриските лагери се со помали толеранции и многу битно, се добро изолирани од надворешни влијанија (примарно вода), што ги прави да траат подолго. Иако се добро изолирани, вода и прашина може да влезат во нив, па затоа е добро да се чистат и подмачкуваат, пак ќе речам, ако сакаш подолго да траат.
Ова важи за велосипедски лагери (конкретно хедсет и средна осовина, оние на тркала се обично ефтини и се менуваат комплет), и не знам дали е точно за лагери во други индустрии.