Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1146163 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Велосипед
« Одговори #6405 на: 06 Мај 2021, 13:00:21 pm »
Оние навлаки со силикон за седиште за велосипед, бркаат работа или да барам асално седиште?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: Велосипед
« Одговори #6406 на: 06 Мај 2021, 13:05:37 pm »
Седиште барај си.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #6407 на: 06 Мај 2021, 13:50:37 pm »
Зошто не контра кочница? Оние на детските јас се чудам кое дете можи да ја префати кочницата со рачката, па и тврди на стегање, катастрофа.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4591
Одг: Велосипед
« Одговори #6408 на: 06 Мај 2021, 14:13:20 pm »
Општо тешко се наоѓа точаков низ цела европа, мене ми е нарачан а го чекам месец дена и изгледа уште месец, без разлика дали е мк или еу.

Иначе кога барав точачиња разликата е многу голема верувај. Овој е алу и е 5кг додека исти такви челични се 9-10кг, значи дупло. Замисли на детето која разлика му прави таа тежина. А нема кој не сум прашал што има вакво точаче да ми каже дека со овој точак буквално многу брзо се научува детето да вози само и најважно од се има мерак во возењето.



359 еур машала за точакот, ептен скапичко. Ќе мора да се помачи со обичен од 8-9 кила :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: Велосипед
« Одговори #6409 на: 06 Мај 2021, 14:24:42 pm »
Зошто не контра кочница? Оние на детските јас се чудам кое дете можи да ја префати кочницата со рачката, па и тврди на стегање, катастрофа.

Изгледа си фатил некој Локо кроко или Џамбо велосипед.
Ако е како шо треба бренд е одлично направено.

Без контра. Оти е многу полесно за мало дете да го вози. Од искуство.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Велосипед
« Одговори #6410 на: 06 Мај 2021, 14:35:54 pm »
Вреди ли точакот за 6000 денари?

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=3928017
Своерачен потпис ;)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #6411 на: 06 Мај 2021, 15:37:10 pm »
Точакот вреди и повеќе. Предно тркало со вградена динамо осовина и задно тркало со вградени брзини се доста скапи компоненти.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1446
Одг: Велосипед
« Одговори #6412 на: 06 Мај 2021, 17:38:18 pm »
Ме затера некој малер у понеделникот задната внатрешна ми рокна додека стоеше на тераса, денес предната исто на тераса ;D, и тоа од внатрешна страна од кај бандашот, џабе скапи надворешни гуми  ;D

« Последно менување: 06 Мај 2021, 17:48:09 pm Ѓорѓи »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #6413 на: 06 Мај 2021, 20:36:50 pm »
Сеа ќе си ставиш скапи траки на бандаж и ќе ги залепиш скапите внатрешни и ќе немаш гајле :)

Каква внатрешна и да ставиш, ако не ја смениш траката на бандажите, ќе ти рокаат гумите :)

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1085
Одг: Велосипед
« Одговори #6414 на: 06 Мај 2021, 23:02:00 pm »
@MartinAlfista каква е таа трака, дај малку упати не!?
Денес ми стигнаа новите надворешни, за малку ќе им викнев сам да ги мењам!  ;D :D

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6295
Одг: Велосипед
« Одговори #6415 на: 06 Мај 2021, 23:06:20 pm »
Изолир :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #6416 на: 06 Мај 2021, 23:16:55 pm »
@MartinAlfista каква е таа трака, дај малку упати не!?
Денес ми стигнаа новите надворешни, за малку ќе им викнев сам да ги мењам!  ;D :D

Изгуглај rim tape, ќе ти стане јасно какви опции се на располагање.

Генерално на поефтини тркала се става трака на бандаж од сличен или ист материјал како и внатрешна гума, и таа се деградира, собира и станува крута со тек на време, што остава можност внатрешната гума да влезе во дупчињата на внатрешната страна на бандажот. Тоа, само по себе не е опасно, ама во случајот на Ѓорѓи, точакот седи на тераса, на висока амбиентална температура, притисокот во гумите расте, гумата создава балончиња во малите дупчиња и кај што е најслаба, пука баш како што покажал членот на сликата :) Истото се случува и на точаци со V brake или роуд бајкови со caliper кочници, при континуирано кочење. Кочењето го загрева бандажот, од загревањето се зголемува притисокот во гумата и таа си пука откако ќе навлезе во дупчињата на бандажот.

Ако веќе сакате самоделски да го решите проблемот, потребна ви е нееластична трака, нешто како duct tape или платнена трака за авто изолации. Изолирот се деформира од притисокот и проблемот се повторува.

Тестирани ми се овие ствари, кога имав работа со ефтини точаци и тркала кои имаа уште поефтини траки на бандажи.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Велосипед
« Одговори #6417 на: 06 Мај 2021, 23:18:40 pm »
Понекогаш е застрашувачки колку многу знаете за точаци...
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #6418 на: 06 Мај 2021, 23:20:16 pm »
Шо да праиме, се почорабџивме сеа скоро коли да изнакупиме, иначе што мислиш, како одевме напиќка? Точак бајо. А ако сакаш често да си у игра, мора точак исправен да биде.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1085
Одг: Велосипед
« Одговори #6419 на: 06 Мај 2021, 23:26:22 pm »
@MartinAlfista сега ми направи филм да морам да ги носам у сервис или да се опремам пред да ги мењам..........леејлееее со колкав мерак ги чекав новиве, ептен им се израдував денес кога ги видов!