,,Пешак” е лице кое учествува во сообраќајот, а не управува со возило,
ниту се превезува во возило или на возило, лице кое со сопствена сила турка
или влече рачна количка, запрежно возило или моторно возило, детско
превозно средство, велосипед, мопед или подвижен стол за немоќни лица,
лице во подвижен стол за немоќни лица што се движи со сопствена сила или со
сила на мотор, ако притоа се движи со брзина на човечки од, како и лице што се
лизга на лизгалки, скии, санка или се вози на тротинет, ролшуи или ролери;
,,Обележан пешачки премин” е дел од површината на коловозот,
наменет за премин на пешаци преку коловозот и обележан со ознаки на
коловозот и со сообраќаен знак за известување;
"Возачот на велосипед и на велосипед со помошен мотор, мопед е
должен да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои
велосипедска патека – по велосипедската патека односно лента."
"Возачот на велосипед и на велосипед со помошен мотор, мопед може
да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено
движење со такви возила. "