Честитки, и мене утре ми стига точакот. Со здравје да го возиш.
За опрема, јас препорачувам кацига. Јас носам било кога да излезам од дома со точак, освен за факултет затоа што возам по тротоар и возам споро. Исто така препорачувам било какво (па дури и од Џамбо) задно светло со опција за трепкање.
Опциона опрема:
Ако планираш да возиш подолги релации, препорачувам шорц со влошка (за да не те боли гз).
Претпоставувам дека точакот не доаѓа со држачи за шише (бидон) па ваљда ќе ти треба еден држач.
Ако сакаш уште предлози, стојам на располагање.
