Тоа со 80 кг ти е грешен податок. Вилушките од фабрика доаѓаат подесени за 80 кг возач, не се специфично за тие луѓе.
Иначе ако се исправни сите гумици, пиксни и остали ствари на вилушката, ќе си се движи до 100% од одот, и менувањето на preload ќе има ефект. Ако само ја отвараш и чистиш, океј, си ја зачувал во добра состојба но маслото ги деградира и ги дуе гумиците внатре, со што маслото потешко се движи и губиш од travel на вилушката.
Иначе други совети за одржување се бришење на прашинкарите што ги чистат телескопите (цевките), од време на време да ги подмачкаш со силиконски спреј, и иште една интересна финта е телескопите да се прснат/премачкаат со СУВО уље за ланец, ако е со тефлон уште подобро. Додека е уште свежо, го компресираш амортизерот да собере и од внатре ѓубрето, бришеш, компресираш и се така додека престане да излага ѓубре. После пак нанесуваш уљенце, оставаш да се исуши и цепаш. Постои и специјално средство за таа намена: fork juice ама го нема кај нас.