Јас го мислам дали безбедно патува, тој вози со максимална брзина од 85.7 km/h. 
Стварно ми падна криво што се оштети фајлот, 25+ просечна на 200 километри рута е одличен резултат!
П.С. Со точак ќе се враќаш?
П.П.С. Страва логот се гледа само преку мобилна апликација. Преку web, линкот го покажува како оштетен/неточен.
Еве го сега средено
http://www.strava.com/activities/174956973Strava -та има функција Elevetation Correction, односно да ги коригира висините што се извозени базирано на бази со висини од интернет и важи само за уреди со барометар. Меѓутоа од моето искуство додава висина што не е реална. Во случајов на искачени 1500 метри за овој снимен дел (вкупно целото возење имав околу 2000), Strava ми додаде 2000 метри, и демек сум искачил 3600.
Оваа опција нема враќање назад ако видиш дека тотално е утната висината, па едино чаре е да се избрише возењето, па пак од почеток. Е деновиве имале проблем со сајтот, па ако избришеш од компјутер сепак останува дел, и ем не можеш да ја закачиш од почеток, ем не можеш да отвориш.
Коригирав така што ја избришав од мобилен, па можев да ја пратам пак некоригирана во поглед на елевација (мислам дека Гармин -от е далеку попрецизен споредено со ова од Страва. Најпрецизно е корекцијата што ја прави Garmin Connect, ама за да го видат возењето други, мора да се членови на Garmin Connect.
Исто приметив дека STRAVA е доста непрецизна понекогаш и во поглед на максималната брзина. Во моево возење пишува дека е 85 км/ч, а мојата реална максимална е околу 60 км/ч (Исто Гармин Конект е точен во случајов).
Лошото кога бришеш активност, па ја ставаш повторно е што ги губиш сите Kudos и сите коментари што си ги имал. Не ми е јасно зашто не направиле опција да вратиш на вредностите што си биле пред Elevation Correction, туку мораш да бришеш активност па пак да ја закачуваш