Бидејќи при такво крузање, тротл бодито ти е (доста)затворено, полнењето на цилидрите е делумно, односно она што влегува во цилиндерот како гориво (смеша воздух/бензин), е само некој процент од максимумот што влегува при фул гас и при обртаи кај што се постигнува макс торк, нема доволно енергија таа смеша да ти направи беља на моторот. Ако при такво крузање, степаш гас до даска, оптеретувањата драстично се зголемуваат, па можни се некои (??) проблеми. Пред да преминеш од круз мод, во пауер мод, исшалтај надолу, во брзина која ќе ги доведе вртежите блиску до оние кај што се јавува макс обртен момент.