Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 2216002 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11685 на: 25 Март 2017, 10:28:04 am »
Моментално возам Шкода Рапид 1.6ТДИ рентакар во Германија.

Поминати 800 километри, возено по знаци освен на Аутобан каде што нема ограничување. Таму возам колку иде. До крај.

Потрошувачка по борд 5.1.

Ужасно бучен и тромав мотор. Турбото рано повлекува, има торк до 3000 вртежи после тоа моторот е просечен.

Над 120 веќе рика мотоот, над 160км/х не е пријатно во кабина.

Споредено со 1.0екобуст во Фокус, 1.0 тси во голф 7, 1.2 тси во Октавија, овој мотор 1.6 тди е далеку зад нив.

Никакво задоволство при возење.

Рапидот како возило е кола на метро, фабија на стероиди. Лим и пластика.

Следно за возење ми е 1.5 тси па ќе пишам впечатоци.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Мислам дека овој 1.6 тди е тој со 90кс што е секако тромав. А кај ќе возиш 1.5 тси зошто уште не се продава освен по тестови го има.
И овој со 90кс со ремап станува 135кс.... Сосема друга приказна.

А бучен е поради лошата изолација на шкодата вероватно.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20803
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11686 на: 25 Март 2017, 10:34:19 am »
Пффф, со друг мотор може и 180 кс да стигне :)

Теоретски, би требало тој мотор да е сосема океј во таа класа на возила. Меѓутим, теорија и пракса не се секогаш у дружба.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11687 на: 25 Март 2017, 12:32:44 pm »
Џабе муабетот за моторот. Таа за една година ќе р'ѓоса, прво кај шарките од вратите па задната хауба. Тежок феил е Рапидот, пуста лакомост по профит.

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk


Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11688 на: 25 Март 2017, 12:36:56 pm »
Де бе во 2017та уште фаќаат рѓа колите? Нели пластика не рѓосува хаха
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11689 на: 25 Март 2017, 12:43:28 pm »
Де бе во 2017та уште фаќаат рѓа колите? Нели пластика не рѓосува хаха
У принцип така е, но појди види го рапидот. Лада квалитет.

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk


Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2653
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11690 на: 25 Март 2017, 18:49:23 pm »
Се сеќавам дека сум читал и друг пат на форумот од некој член што се жалеше на ептен лошата изолација на рапидот :)
Инаку како што кажа Веле, теоретски 1.6 треба да си е сосем таман во таа кола. Ама теоретски
Јас сум многу скептик со малолитражните набилдани бензинци. Овој екобуст сепак беше мотор на годината мислам доби некоја награда. Ама другите.. Срварно немам доверба во толку мали моторчиња што ги бутат во потешки коли па дури и во СУВови. Којзнае и дали ќе стигне до 160.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11691 на: 25 Март 2017, 19:56:00 pm »
Технологијата иде напред, јас пак сум оптимист за малите моќни мотори.

Инаку кога сме кај потрошувачката:
 Clio Mk3 1.5 dci 70hp зимава просечна потрошувачка последниве 2800 км. има 4.8 литри на 100 км. Возено е претежно низ Илинден, и од Илинден до Скопје (Автокоманда, Центар, Карпош).
 Golf Mk5 1.9 tdi 105hp во иститиот период и во слични услови последниве 2200км има просечна потрочувачка од 6.6л на 100км.

Исто така да напоменам Peugeot Partner 1.4 бензин(службеното возило) возено исклучиво од Илинден до Центар има просечна потрошувачка од 11л на 100км. :D Ебати моторите без турбо...кој век сме ;D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11692 на: 30 Март 2017, 08:47:05 am »
Тоа се совпаѓа со мојата теорија дека DCi и HDi се поекономични од TDi. Но TDi се многу поробусни и тераат по 500.000, французиве малку потешко.
Иако за фер споредба треба некој мегане 1.9дци, оти клиото е една ока потешко од шпедитер. И карабатија.

Новиов резервоар од Макпетрол делува ветувачки со температури од 20степени. Ќе поминам над 1000км, ми стои.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11693 на: 04 Април 2017, 00:07:22 am »
Од прилика 180км на отворено (Скопје-Стража-Скопје) и 150км низ Скопје. Не сликав просечна брзина на движење, некаде 60км/ч, ќе сликам следниот пат.
1.5 dci 106кс


Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11694 на: 04 Април 2017, 08:39:30 am »
Нова ти е, треба да легне, да научиш како се вози, тогаш ќе намали со 2-3 литри :)

А тивко машинчето, а?

Миленце, глеј што е можно со вистинската технологија:

http://www.motorauthority.com/news/1025023_peugeot-308-hdi-breaks-two-guinness-world-records

The diesel-powered 308 traveled a total of 14,580km (9,060miles) and averaged an amazing 1,919km (1,192miles) from a single 60L tank. This equates to a final fuel consumption figure of 3.13L/100km (75mpg) and carbon emissions levels of just 90.3g/k


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11695 на: 04 Април 2017, 09:46:24 am »
А за колку време поминале 2000км и дали возачот се самоубил од досада не кажуваат ;D
Цитат
25 day trip
Ни 100км на ден, побрзо со џ-виз ќе ги поминеш без ич емисија на гасови
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11696 на: 04 Април 2017, 10:05:05 am »
Искрен да бидам возам дизел и ич не се замарам колку ми троши.

Возам 150 коња, ги стискам низ град кога ќе осетам прилика.

Зимоска просек околу 9,5л град. Сега пролетва 7,5л град. Не ја штедам :)

Башка ако штедиш дизел градска ќе го уништиш замаецот итн.

Вака и колата чиста и мирна и јас уште посреќен :)
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11697 на: 04 Април 2017, 10:07:37 am »
А за колку време поминале 2000км и дали возачот се самоубил од досада не кажуваат ;D
Цитат
25 day trip
Ни 100км на ден, побрзо со џ-виз ќе ги поминеш без ич емисија на гасови
Ти очигледно не знаеш кој е Миле. Он со пластично шише од пелистерка 0.5 дотура гориво. Он е еко оринтиран, за него секое пола литро гориво фазла е неоправлива штета за планетата земја. Секогаш вози по знаци, а често и 10-20 помалку од знаците. Он ги прави најголемите колони во МК, во име на екологијата. Додуша во тие колони загинале десетина несреќни души, али човек се менува, планетата не, немаме заменска планета. Ја очекувам чуда од Миленце, сега, кога конечно доби вистинска машина.


Искрен да бидам возам дизел и ич не се замарам колку ми троши.

Возам 150 коња, ги стискам низ град кога ќе осетам прилика.

Зимоска просек околу 9,5л град. Сега пролетва 7,5л град. Не ја штедам :)

Башка ако штедиш дизел градска ќе го уништиш замаецот итн.

Вака и колата чиста и мирна и јас уште посреќен :)

Зошто мислиш дека замаецот се уништува со бавно возење?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11698 на: 04 Април 2017, 10:10:04 am »
Затоа што за да постигнеш економична потрошувачка треба скоро секогаш да возиш на ниски обртаи во висока брзина на менувачот, рецимо во 4-та 40км/ч итн во град, во 6-та на отворено 90км/ч.

Со тоа страда варијабилниот затоа што ударите се многу високи кои ги апсорбира.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11699 на: 04 Април 2017, 10:13:36 am »
Не се високи ако само ја одржуваш брзината. Високи се ако забрзуваш под полна на 1000рпм.

Полната туража го уништува замаецот на жалост. Високите патни брзини и забрзувањето со полна. Но и така тера по 200-300ккм.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need