Возачите на италијански коли на форумов пишуваат точни бројки на потрошувачка, тоа го имам забележано уште одамна. Куоре признава дека не се трпи потрошувачката, Carrier признава дека иде и на 15-16 литри плин, неговото Стило исто така вади 9 литри градска... И јас имам кажано, од 10 до 11.5, но тоа се гостиварски услови каде 200 метри ако ги извозиш без застанување си ќар. Во Скопје би извадил и пониска, околу 8 до 9.5 сигурно.
Јас нема да кажам погрешни податоци за потрошувачка тука, затоа што тоа нема да ми го спаси џебот, па сходно не се плашам да кажам дали колата ми троши многу. Или со други зборови нема никому добро да му напраи ако кажам дека ми троши помалку одошто троши.
Ова треба да стои како дефиниција на темава, зошто има луѓе што навистина ставаат лажни бројки.
Види, минатиот петок, од олимписки преку центар до партизанска патував(ползев) 40 минути. со упалена клима. на партизанска, на семафорот после соборна, имав на борд 22л/100км. додај уште 10% отприлика за плин. дома стигнав со 17л/100км по борд. Нашиов град е „самтинг спешл“. некогаш, на сабајле знам до работа да стигнам со 9л/100км по борд. вкупно во двата правци патувам 24км.
Едит: Податоците за потрошувачка ги кажувам од полнење до полнење, не по борд. Често знам да испразнам резервоар и на пат, а богами и само градска