Скопје - Сивири - Скопје
Колата претоварена, со куфер од 460 литри горе. Внатре игла немаше каде да се остави, плус двајца возрасни (машала големки) и две деца во столчиња, со количка и комплетна опрема за едното бидејќи е 11 месеци.
Климата цело време беше уклучена на 24 степени.
Возено нормално, колку дозволува патот и колку се движи колоната каде што имаше гужва.
И на вака товарена кола плус пуштена и клима цело време и тоа како има разлика од бензин до плин, на плин колата беше бездушна и тешко се држеше темпо на обиколница во Солун, на бензин беше дупло појака ми се чини, влечеше перфектно ко за 1,4 косилица.
Затоа и 500 км од овие беа извозени на бензин.
Возило Тојота Аурис 1,4 ВВТИ 97 кс.
Генерално, презадоволен од потрошувачката, иако кога имав Вектра 1,8 се движев прилично побрзо а трошев скоро исто или 2-300 грама помалку по борд на истата делница.


Нареден месец ако е се ОК ќе идам до Белград, без куфер, без багаж и без деца па ќе видам колку троши нормално товарена а не претоварена како сега.