100.000 ќе има уште малце.
Ама па и 1300 вртежи се при таа брзина. Едноставно не е предвидено да се вози 90 со 6-та и тоа е.
Иначе да не пишувам во темата за најнепријатно изненадување од возило, колегава се жалеше на задно седиште немало ич место и седиштата биле катастрофално лоши. Па се сменивме со возење и стварно, позади нема ич место за нозете, некако предните седишта се многу ниски и не можеш да ги ставиш стапалата под седиштето. 5 луѓе не можат да седат зошто во средината од позади нема простор за нозете. Седиштата се крајно неудобни. Многу се тврди и аголот на седење е некако на криво. Во кабината е многу бучно, не знам дали е до моторот или до лошата изолација.
А иначе ова мора да е проклетство кај возилата од ВАГ, во сред возење ноќно време ми вркнаа двете сијалици за средно светло во исто време, односно во рок од две секунди. МОрав да возам со долги до првата бензинска. Купив сијалици и се изнамачив додека ми текна дека уствари за да смениш сијалица треба да го извадиш целиот фар.
Алу у принцип добро си ја заврпши работата.