Моторот нема разводна капа. Барем не овој 8 вентилски боксер. За 16 вентилскиот сигурен сум дека има.
Кај мене од бобини до свеќици има кабли само. Штелувањето на палење е со една ретардирана направа што во Македонија ја има само Тони од Сингелиќ, специфична за боксер Алфиноте мотори. Работи со помош на жива или нешто такво.
Друг начин е оној со фаќање на брегастите и физичко поместување од TDC.
Во секој случај неисплатлива заебанција. 10 литри на 100 километри е за мене премија, особено со цената на плинот сега. Читајќи по форуми, тоа е во граници на онаа вистинска, од луѓе тестирана потрошувачка.
Единствен проблем што сега го имам со плинот е тоа: додека не загреат и блокот и главите на 82 степени, на нагло патосирана педала, сецка.