Сосем неточно... Извини вака ама скроз е неточно. Кога ќе дадеш доказ ќе правиме муабет. Возило со 1.2 мотор обично троши од 7 до 9 литра. 1.4 троши од 8 до 10 а 1.6 троши од 10 па нагоре. За ова зборат искуства, тестови, спецификации и слично. Во одсутство на конкретни докази давам пресуда: BUSTED 
Имам 1.6 16V веќе 12 години. Кога сакаш, каде сакаш можам да ти покажам дека градска не троши повеќе од 10 литра плин! ПЛИН

Да не правиме муабет за бензин.
Истото важи и за Golf IV 1.6 8V на плин троши од 10-11 литра градска. Исто со доказ можам да ти покажам.
Зборувам за реална потрошувачка, со наш плин, со наши улици итн.
Јас во Австралија возев Mitsubishi Magna 3.5 V6 автоматик од 1998 година, три месеци. Трошеше 15-16 литра плин градска вожња. Таму знаеш какви се возењата во пик. Тргни застани 2 саати.
На крај ОГРОМНА улога има и каков систем има за вбризгување на гориво, општата полезност на елементите во моторот, самиот концепт итн.
Имав Фиат 1300 од 1969 со дупли Вебер и лапаше 13 литра градска бензин како од шала во Скопје. 10-11 во Битола.
Брачед ми има Фиеста 1.3 од 1997 година па троши 6,5-7 литра бензин во Скопје

(а моторот е истиот од шеесетите само нови компоненти).
Долга е приказнава...
Во основа јас можам да кажам за Шкода Румстер. 1.2 моторот трошеше 11 литра градска БИТОЛА и тоа сосема нова кола без притискања (што ќе притиснеш на 1.2 жити бога

)