U ovaa tema leta strasno lazenje,a ne mi e jasno zosto,nekoj koga ke si pise realno go pravat nenormalen,ili kolata mu e defekt.
Направив некој груб тест и го постирав на форумов, со газење максимално на отворено ~11, со дефанзива (+20 на автопат, релаксирано по кривини) ~7л. Така да 4л разлика на мојата кола, само од стил на возење. Е сега да имаш нерви и тие +20 да ги симнеш на +0 на автопат (јака ти душа) ќе симнеш на 6 сигурно, со мојата кола. Значи тоа ти се цели 5л разлика, со ист човек зад волан, и иста кола. Затоа обично јас си пишувам и некое грубо возење +30 до кај +50 на автопат. Е сега, некој вика +30 кога дигнал +30, а некој вика +30 кога возел +30, и ете ти ја ГЛАВНАТА разлика. Кога ќе пише некој толку и толку „со возење 180мкч“ обично не возел 180, туку дигнал 180. На 180, горе доле познато ни е на сите колку трошат колите, и таа бројка не е 7. Значи имаш разлика во возење, плус згора на тоа разлика во изразување.
Згора на тоа зборот „газење“ како што реков, на 1.6 тди, газење е 150-160. За Панамера Хибрид, тоа е цивилизирана и култивирана вожња, а газење е 250-260кмч.
