Информација од прва рака, при Фаланга стил на возење ( отворено ) 80-90 км/ч колата не троши над 4 литра. Обично 3.7 - 3.9, слична е ситуацијата и со 1.6 TDI CR. При агресивно возење до 4000 обртаја 1.8 TDCI нема шанси да покаже повисока потрошња од 7.5 литри. Збориме за константно возење, на загреан мотор и долги релации без застанување. Градска вожња 6.5 - 6.7 на 100, релации у стилу Центар - Центар.
ако градска вожња троши 6.5 зашто да неможе агресивно возење на отворен пат да потроши 9? од кај ти е логикава жити се?
информации од права рака велиш? па и моите се од прва рака.. не прераскажав нешто што некој ми го раскажал, туку јас кажав што мене ми се десило..
со последното дополнување во скопје, израчунав дека точно 96 литри нафта се потрошени за да се поминат 1072 километри. т.е. за малку и рамно 9 потрошња.
Во математиките си го утнал капацитетот на резервоарот за едно 35-40%, што значи дека реално си трошел околу 6.5/100, што за брзо возење - особено за субоптимално брзо возење - е очекуван резултат.
10 литри на 50 е 20% а не 35-40, и тоа што јас сум го утнал волуменот на резервоарот, не ја намли потрошњата воопшто, зашто полнев до врв... и јас стварно незнам од кај ја извади математикава од 6,5 кога знам колку литри натанкав и колку километри поминав... иако ти посакавме добро ни враќање, немој одма да почињаш да ги праиш луѓево улави.. немој...
Дали во тие 96 литри нафта е вклучено и првото полнење во Скопје?
мислам дека 2 пати пишав дека не го рачунам тоа...
Потрошувачката ако е мерена од чеп до чеп, битно е колку km е поминато со таа нафта, запремнината на резервоарот не игра никаква улога. Татко ми со голф 5 1.9 tdi 105ks на релација Подгорица-Скопје според борд никогаш не беше испод 8,5l, рекорд му беше 11l.
конечно еден нормален одговор. точно, како што и претходно пишав неколку пати, до врв полнев.
Не е дека си ми ти предизвик. Секогаш ќе ми бидат предизвик работи кои се напишани кои немаат никаква допирна точка со реалност и реална експлоатација.
Дискусијата за потрошувачката на Фордот се сведува на тоа дека ти не знаеш да возиш дизел, односно не знаеш да го возиш правилно. Ако го возиш исто како што возиш бензинец (плинаш) атмосферец, тогаш таму е грешката.
кога реков моето возење, мислев на брзото возење, со стисната педала до доле многу често. цело време возење над дозволеното со 30-40 км на час... на тоа мислев.. инаку имам јас и мој дозел.. комбето (кое благе везе нема како технологија на тој дизел со овој дизел, знам тоа) но цело време и секогаш ама секогаш, го возам со педалата до доле... смичка ми е сведок, прашајте го... значи излагам на пат, стискам до доле и колку иде толку, до крај. збориме за задња влеча, товарно возило, 2.5 обичен дизел.. па не се десило над 10 да потроши и тоа само ако е лоша нафтата.. знае и 7 да потроши со добра нафта... значи механички дизел. од електроника на возилото има елкетронско реле за жмигавци и радио со цд...

за предизвикот... да, и треба да ти биде предизвик нешто што ти мислиш дека не е реално.. но само на мои текстови си инспириран да пишеш поише од 2-3 реда..
да не си заљубен у мене бе? а срцка? че сваришш кафе посабајлечки?

п.с. мислам дека е доста праење тралала муабет за потрошњава.. требаше денес да идам за србија, ама не отидов, а баш ке беше супер да ја потврдам потрошњава со слики... али ке идам дефинитивно пак до тоа возило и ке ви сликам, па да видиме после што ке се збори... уствари, знам уште одсега што ке се збори. веројатно после ке следат коментари дека нешто не е у реду со колата...

до тогаш, јас се повлекувам од дискусијава... леп провод свима
