За тие што не знаат да си пресметаат просек... Многу е едноставно уствари...
Пошто мерката е "l/100km", ја земате вредноста на потрошеното гориво во литри (во случајов 20), и се дели со поминатите километри (320км, резултатот е 0,0625), па се множи со 100, и се добива просекот, т.е. во случајов 6.25 l/100km.
Ако на некој му е полесно, може прво поминатите километри да ги подели со 100 (во случајов 320/100 = 3.2), па после литрите да ги подели со тоа бројче (во случајов 20/3.2 = 6.25).
Просто, ем едноставно нели?
