Денес ќе полнам трет резервоар од Екто нафтата па ке ви кажам просек од двата потрошени.
Првиот го потрошив 80% градска, Вториов 80% на отворено шо значи пак е просек тука некаде 50-50 градска-отврено.
Еееееееее вакаааааа.....Првиот резервоар го поебав 80% во град.
Ојдов на Ликоиловите пумпици во Лос Велес и ми р'гнаа 48 литри.
Со обзир на тоа дека имав поминато 682 км излегува дека со екто градска просек е 7,038 лит-100км.
Нејсе....
Втор резервоар, секој ден Велес/Скопје/Велес.
Добро на рамните делови испод 160 не сум ама по кривините по лагзам, просек пак ке му дојде 130 горе доле според борд што не е многу брзање, е климата фуче цело време.
Е вчера наполнив 47 литри а сум поминал 726 км.
Излегува дека на отворено со Екто ќумбево арчи 6,473.
Заклучок, просек излегува градска/отворено 6,871 лит-100.
Максимум што сум извадил до сега просек без никакво штедеше и со газење, оставање да работи во место и по 3,4 минути итн. било 6.6 горе/доле.
Зкалучок - Лајното наречено ЕКТО дрн дрн прапорци....се арчи повеќе од старото а нема некое подобрување во перформанси за да речам ајде си вреди.
Е друго што приметив со лајното ЕКТО...почесто ми се активира процесот за чистење на ДПФ филтерот одколку пред тоа....!
Заклучок...го трошам оваој резервоар и НИКАД ВИШЕ!