На мојот пост за Измерена потрошувачка на гориво
Прилеп - Лефкада, преку Битола, Кожани, Јанина и Превеза.
Натоварен, полна кола, на автопат 150-180 (со помош на 2 „чистачи“ пред мене), низ тунели и остатокот малку над дозволеното.
На граница 2 сати чекање, по пат гужва, особено од Јанина до Превеза, со прилично претекнувања.
Вкупно 900 км од кои 100-тина километри низ Лефкада претежно по плажи.
Просек по борд 6.3 л/100, по математика 6.6 л/100.
Првпат олкава разлика по борд и пресметка, се сомневам на одење нервозен беше пумпаџијата и на прво исклучување го израмни на износот на пари и не го доплолни за некои 2-3 литри.
добив коментар:
тоа бмв со 2.0 машина со тој режим што го опиша т.е. возел 160-180, престигнувал колку што можел, стискал пголемиот дел од патот, па дизел да е со таа кубикажа под 10 нема да потроши..
п.с.
нема шанси
п.п.с.
нема шанси.. 
Читајќи го постот на Онак за потрошувачката на „Шифоњерот 2“:
шифоњерот 2.. од струмица до скопје (поточно од ново коњари, 18 км од струмица) се вкупно пројдени 180 км со 14 литри бенЅин... то му доѓе нешто као 9 на 100, со повремени испади и стискање до 200, а стандард возење околу 140...
180км со 14 литри доаѓа 7.7
си мислам: - „Стварно бе, нема шанси мајку му, многу ми потрошило мене ?!?“