Конечно ветените резултати на градска вожња со плин. Просто неверојатно е како троши помалку од бензин, а нели 10% треба да биде зголемена потрошувачката и 2% намалена снагата. Снагата дека е намалена се чувствува, ама и очигледно е дека плинот му прија - моторот работи посмирено, потивко, нема вибрации ...
Да скратам: Заклучокот е донесен по извозени 840 км исклучиво низ град и потрошени 76 литри плин, уклучувана е и климата во неколку наврати, релациите во главном се прилично кратки и помали од 5 км (истите од претходно коа возев на бензин), значи нема време да достигне работна температура, возена е со четворица во кола неколку пати, не е форсирана освен накај Припор или Водно кога морам за да не изгубам полет... 9 литри точно е потрошувачката, полнето е од празна боца и празнење на истата до крај и пак на истата пумпа до автоматско пребацување на бензин. Во ред, тука не е вкалкулиран бензинот од едноставна причина што го наполнив скроз резерварот со бензин, а према стрелката потрошено е околу 1/8 или околу 6-7 литри. Како и да е, трошокот за плин према сегашната цена од МП е околу 2800 ден и за бензин уште 500 ден, значи вкупно 3300 ден, со тоа што кога почнав да мерав беше уште ладно и пребацуваше на плин малтене на 1/3 од релацијата што се вози. Сега кога е топло пребацува после 100-тина метри и очекувам тие 500 ден да се намалат бар за 20% т.е. да не цепидлачам, возам цца 850 км за 50 евра или до Београд и назад, а последниот пат кога бев платив 100 евра за гориво. Значи скоро дупло поефтино доаѓа, ако го анулираме она ситно што го троши на бензин-со него заштедата е околу 45% (мојот систем нема потреба од редовно годишно одржување, филтри, сервиси и сл.). Кога моторот е загреан околу 50 степени, пали одма на плин.
Интересно е што и на бордот ми покажува потрошувачка од 9 литри (најверојатно коинциденција), а кога е уклучено Спорт копчето скоро и да нема разлика плин/бензин, со тоа што нормално во тој случај потрошувачката е зголемена
Кога е уклучена климата, а се вози натоварена и на угорница, поготово ако имаш некое споро возило пред тебе, температурата знае да се качи и над 100 степени. Имам монтирано и капалка, иако ми беше сугерирано дека нема потреба, ама од вишак не боли глава 
Да резимирам: Ако сакаш да се исфураш онака за мерак (мене на пример накај Стража нагоре ми е омилената рута), едноставно стисни копче (пребаци на бензин) и направи си го ќеифот, а ако сакаш економија (за која отекуваат дизелашите) вози на плин, ако сакаш плин и спортска вожња - уклучи го Спринт бустерот во рејсинг мод
Еколошки и чисто - природата ќе ти биде благодарна!
Предлагам да се отвори нова тема: Дизел версус Бензин и Плин, мене ме мрзи и имам некои обврски, ама верувам дека некој од помладите ентузијасти ќе спреми добар материјал за ова, пошто доста е претходно дискутирано за истово и конечно да им ги затвориме устите на бензин - хејтерите 
prethodno krevase nad 100c?
Не сум забележал, пошто не сум имал причина да возам со активирано сервисно мени. Сега пошто сеуште го учам однесувањето на уредот, радознал сум и ме интересира све околу него - во некои специфични ситуации го уклучувам сервисното мени и пратам параметрите. Претпоставувам дека и претходно (би)кревало над 100 степени (при исти услови на експлоатација), пошто во нормален режим на возење е околу 90 степени (и на плин и на бензин). marsher вели дека за Опел тоа не е нешто невообичаено (а и ја го прочитав истото додуша за 1,6 моделот конкретно ).