Трошат ако ги бркаш, а 1.0 мотор не е за да го газиш. Иначе ако ја се прашувам, кубикажата нема врска за тоа дали едно возило да има плин или не, во секој случај ако имаш плин возењето ке ти биде поефтино, сеа во зависност и колку километри правиш со колата на годишно ниво, ама со инсталиран плин во колата во секој случај возењето е поефтино. Пример ке си тргнам од мене, нека ми троши 8 литри бензин во град, тоа значи дека 100 км би ме коштале 640 ден, а плин ми троши 9 литри, тоа му доага 320 ден на 100 км, така да во секој случај возењето на плин е каде каде поефтино
Filomkd, со монтиран плински систем потрошувачката се зголемува за 20-30%. Ова е информација што ќе ја добиеш и од оние што монтираат и од оние што возат на плин. И јас ти го зборам ова од искуство бидејќи на акцентот кој го имав до 2006 год. имав плински систем кој секоаш палеше на бензин независно дали е лето или зима. Таков беше системот што значи никогаш немав проблем со палење што често го имаат оние што имаат систем со избор. Градска трошеше бензин околу 9Л, а со плин 11л... Ако кај тебе е разликата само 12% секоја чест или за системот или за плинот што го користиш 
Јас сум со карбуратор, бушен од страна, а плинот ми е ловато. Го штеловаме едноставно, вентилот на цревото го отвораме до половина, ако 10 вртења ти се потребни да го одвртиш целосно, ние го одвртуваме само 5 вртења. Потоа гаста ја стискаме до крај и на расплињачата вртиме лево десно на тоа кругот и онаму каде што најубаво прима таму го оставаме и готово, завршена работа. Претежно полниме од нас гас, ретко од друга бензинска ако снема плин во вожња.
Иначе таа е потрошувачката, 9 литра плин во град, 6 до 6.5 на отворено нормално да не се гази на гаста претерано.
Пред да ставиме плин, потрошувачката на бензин во град ни беше 7-7.5 литри, а на отворено ~5 литри
Второ, кај вас кај поновите возила, саухот е електронски, а јас насабајле и на -15 да е кога го палам, го влечам саухот, одма штом ке запали, притискам малку на гас, го вракам цел саухот и го префрлам на плин и немам потреба на плин да го возам под саух, и на -15 на штотуку запален мотор со целосно вратен саух не ми трокира на плин, како стискам на гаста, така иде. На бензин морам да имам колку толку повлечен саух иначе кога е ладен трокира