фило друже нема врска која брзина си ја користел... дали трета дали четврта. Тоа е релативно. Некои автомобили имаат долги брзини па можат цело време втора да качуваат и да одат над 100
Јас имам 4 брзини, кај мене 4 брзина има 13 или 14 запчаници, знам пред 2 години менувавме менувач, па ги броев, а 1 брзина има 27 запчаници и реално за овој мотор од 1.0 е релативно долг менувач, знам по тоа што ако на плетвар загубам залет, ете претрчало нешто или сум морал да успорам, после тоа малку е тешко за во 3 брзина да го ставам, во 2 брзина ке накачам докај 55 км и во 3 ставам и не повлекува, а претходно со залет на ист дел од патот да речам идел со 3 брзина За 1.2 моторите на кадет кој го користат истиот е тамам, пошто тие со нормална компресија имаат 39 Kw, а тие со супер компресија имаат 43 Kw. Оригиналниот мотор на воксалов мој беше 1256 cm со 43 kw, златно моторче, ех да го имав, ама кога го купувавме, пола мотор фалеше и мораше да ставаме од друг опел. Кај му текна тогаш на таткоми дека кумот наш има кадет, уште кога кумот му кажа дека е 1.0, таткоми се израдува, послабо моторче, тамам помалку ке трошело
