Моето возило е Toyota Prius Hybrid од 2007 година, со бензински мотор 1500 цц од 75 КС и електромотор од 35 КС (вкупно 110 КС).
Удобно, економично возило, со простран ентериер (иако однадвор не делува големо, има должина скоро колку Avnesis), маса на празно возило е 1.350 кг.
Ова возило не е за оние кои сакаат динамично и спортско возење, туку за луѓе кои сакаат домаќинско, безбедно и економично превозно средство. Ги има сите безбедносни системи и особено погоден електронски автоматски менувач.
Инаку општо сите модели на Prius се предмет на многу полемики, особено околу декларираната потрошувачка на гориво (3.95 градска, 4.65 на отворено). Колата ја имам 5-6 месеци и можам со сигурност да кажам дека овие бројки се дури и повисоки од реалната потрошувачка.
МЕЃУТОА, за да се постигнат добри бројки во потрошувачката, неопходно е да се научи како да се вози хибрид (без нагло застанување и многу нагло тргнување, со проценка на запирањето, забрзување до 60-70 и одржување на брзината со батеријата...). Овие трикови се совладуваат брзо и потоа не претставуваат проблем во возењето.
Во град имам успеано да ја симнам потрошувачката до 3.9, меѓутоа со вообичаено возење оди и до 4.5. Конкретно на последните 700-800 км (95% градка вожња), просекот ми е 4.2 (со клима попладне наместена на 25 Ц).
Дел од оние што возеле Prius нема да се согласат со бројките што ги наведов, веројатно поради следната причина: Додека да ја постигне потребната работна температура, бензинскиот мотор не се исклучува. Затоа нешто поспоро “загрева“ од конвенционалните автомобили, па во почетокот на возењето троши повеќе гориво. Затоа, оние кои имаат кратки релации за возење (до 3-4 км) и стартуваат со ладен мотор, нема да видат скоро никакво фајде од хибридот. Јас имам релација 10 км во еден правец, до работа, во најголемата гужва. Кога би имал релација од на пример 15 км, потрошувачката не би била повисока од 3.8-3.9 литри на 100 км. Потрошувачката е под 4.0 литри на отворени регионални патишта со ограничување на брзината до 70-80 км/час.
На отворено е повисока, затоа што нема скоро никаква помош од батеријата, но сепак е задоволувачки ниска.
[датотека избришана од администраторот]