Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 1987733 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15930 на: 22 Јули 2024, 18:11:12 pm »
Зарем не ти се малку 50км низ Скопје?
Знам дека километрсжата е согласно возењето, но јас лично низ мал град поминувам 40-50км дневно. Да живеам во поголем град гарантирам дека над 100км ќе поминувам. Тогаш џабе ми е батеријата. Ќе го потрошам само бензинот и ништо не сум направил.

Мада џипот е за на отворено повеќе, таму немаш ни потреба од батеријата, реално на рута од 300км во еден правец - нема корист батеријата.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15931 на: 22 Јули 2024, 18:16:17 pm »
Зарем не ти се малку 50км низ Скопје?
Знам дека километрсжата е согласно возењето, но јас лично низ мал град поминувам 40-50км дневно. Да живеам во поголем град гарантирам дека над 100км ќе поминувам. Тогаш џабе ми е батеријата. Ќе го потрошам само бензинот и ништо не сум направил.

Мада џипот е за на отворено повеќе, таму немаш ни потреба од батеријата, реално на рута од 300км во еден правец - нема корист батеријата.

Сите сме со различен распоред и различен начин на живот - јас кола за низ град палам еднаш на 2 дена и и кога палам не поминувам повеќе од 7-8км во денот. 50км опсег би ме траел недела дена.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15932 на: 22 Јули 2024, 20:22:50 pm »
Точно, и јас низ град поминувам макс 20км дневно така да скроз ми е Ок батерија од 50км, али како што кажа. Секој има различен дневен ритам. На тема електрични возила, пред некој ден во Ск се возев во електрично такси MG 4 и колата е топ за таа намена. Правев и муабет со таксистот, имал до сега поминато 42ккм и ниту еднаш не бил во сервис. Колата возеше одлично.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15933 на: 24 Јули 2024, 11:19:18 am »
Corsa C 1.2 Плин
Комбинирана потрошувачка 50%. Град 50% отворено
280 денари плин на 37.5 , поминати 110 километри
Потрошувачка 6.8



Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 389
  • The best or nothing.
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15934 на: 24 Јули 2024, 11:21:39 am »
Џабе возење.
А реното го имаш уште? Колку троши градска? (плин)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15935 на: 24 Јули 2024, 11:24:19 am »
Тука некаде се со астра г 1.4 на плин. Градска 10, отворено 6, просек 8. Само 1 литар повеќе, што реално за плин е смешна цена.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15936 на: 24 Јули 2024, 11:27:51 am »
Меганот градска е 10, на отворено исто 10 ако ја стискам, нормално возење 8-8.5, лагано по знаци имам до 7.5 слезено.
Корсата движи од ова погоре до 7.5, за да потрошиш 8 треба да ја стискаш од поќе ама не е возило за газење. Сум ја возел периоди и побрзо поагресивно не сум приметил над 8 потрошувачка.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15937 на: 28 Јули 2024, 11:26:24 am »
За 367км 80% отворен пат, 20% градска потрошени околу 27л плин, што доаѓа околу 7л/100км (пишувам околу, бидејќи во Битола на Лукоил не ми ја дополнија до горе). Возено по знаци, на ограничувања од 100 км/ч. возено 120 км/ч., ретко некои испади до 160.
Надополнето близу Лефкада на Elin за 24.91€ (0.917€/l мислам дека беше). 3.072 ден/км.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15938 на: 28 Јули 2024, 13:19:57 pm »
Куманово - Улцињ, преку Косово и Албанија. Кола Audi А5 3.0 TDI 286hp. Рута возена 2023-та, до таму и назад. На идење заглавив во едно градче скоро саат време, на враќање, имаше гужва на излегување од Црна Гора, и некои 50-тина километри низ Албанија. Пак често застанување заради паузи со дечиња.

На идење.


На враќање.


Годинава истата рута на идење, 6l/100km, просечна брзина од 72km/h, и стигање за околу 7 часа, пак со застанување заради дечиња. Овој пат, успеав да ја избегнам рутата во градчето, и не наидов никаде на гужва. Планирам на враќање дома да проверам и на пумпа колку е точен борд компјутерот со потрошувачката. Возено е по знаци, и со користење на темпомат каде што се можеше. Годинава невообичаено многу радарска контрола во Албанија штом ке влезеш од Косово.


Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15939 на: 28 Јули 2024, 16:54:12 pm »
Тури 20€ во сообракајна и немаш гајле

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 724
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15940 на: 29 Јули 2024, 08:35:03 am »

Годинава истата рута на идење, 6l/100km, просечна брзина од 72km/h, и стигање за околу 7 часа, пак со застанување заради дечиња. Овој пат, успеав да ја избегнам рутата во градчето, и не наидов никаде на гужва. Планирам на враќање дома да проверам и на пумпа колку е точен борд компјутерот со потрошувачката. Возено е по знаци, и со користење на темпомат каде што се можеше. Годинава невообичаено многу радарска контрола во Албанија штом ке влезеш од Косово.



Malku e offtopic odgovorov ama DOBRO e shto ima policija pochesto niz albanija... jas vozam 20tina nad ona shto e pishano na znacite, brakjava od kosovo proletuvaat pokraj mene so +40-50km/h od mene... vo prevod chitaj LETAAT kako kje im tekne... so 20tina km nad znaci ne te chepka ni policija ni radar ni butur niz albanija oti kje si naj spor vo odnos na kamikazive.

Albanija lesna pesna tuku kazi shto e popametno ako si vozel nagore kon hrvatska za do Orebich... dali kako tebe Ulcinj-Bar-Dubrovnik, ili da si fatam niz Skadar-Niksic-Trebinje?

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15941 на: 29 Јули 2024, 11:42:02 am »
Албанија на излез од тунел ме имаат измерено со 180 кхм, поминав со 20€

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15942 на: 29 Јули 2024, 11:56:04 am »
Malku e offtopic odgovorov ama DOBRO e shto ima policija pochesto niz albanija... jas vozam 20tina nad ona shto e pishano na znacite, brakjava od kosovo proletuvaat pokraj mene so +40-50km/h od mene... vo prevod chitaj LETAAT kako kje im tekne... so 20tina km nad znaci ne te chepka ni policija ni radar ni butur niz albanija oti kje si naj spor vo odnos na kamikazive.

Albanija lesna pesna tuku kazi shto e popametno ako si vozel nagore kon hrvatska za do Orebich... dali kako tebe Ulcinj-Bar-Dubrovnik, ili da si fatam niz Skadar-Niksic-Trebinje?

И кај нас до +20 од знакот на отворен пат не те чепкаат, не те застануваат. Бидејки имаат и толеранција на радарите, кај нив не си +20, туку реално +17 од дозволеното.
Мене во март месец кога ме измерија спуштајки се од Буково према Ресен (правец убав со ограничување 70, мислам смешки ама ајде), возев речиси 120, сказалката ми беше точно речиси до цртичката на 120, кај нив на радар 113 км/ч ме измерија.

Си ги ловат они од +30 нагоре што возат, тие ги застануваат.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15943 на: 29 Јули 2024, 12:10:58 pm »
Кога сме веќе от.
Дали има радар на автопатот после граница кој оди накај Лерин и продолжува накај Птолемаида/Козани? Возев 160 малку после исклучувањето за Лерин, па како да светна нешто. Да не имам проблем на граница?

Онтопик:
Дефинитивно со грчкиот плин ми е пониска потрошувачката иако се качувам буквално по планини (кој возел Лефкада до плажите знае). На 160-180 километри градска се палеше црвено сијаличе, тука уште 2 зелени сијалички светат (во превод најмалку уште 40км плус на пола боца).

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15944 на: 29 Јули 2024, 12:23:18 pm »
Тоа е така затоа што во Грција, смешата на плинот е 20% пропан, 80% бутан цело време бидејки е потопла клима.

Кај нас е нешто посвежо и кај нас е поинаков соодносот, кај нас има постојано менување на смешата, варира соодносот на пропан-бутан.

А бутанот е покалоричен, повеќе енергија дава од пропанот.

Така да штом смешата на плинот е повеќе на бутан, поголема енергија добиваш од плинот. Кога оди повеќе смешата накај пропан, се губи на енергетската вредност на плинот.


Ете затоа е така со грчкиот плин наспроти нашиот.