Заврши балканската авантура за ова лето. Поминати вкупно 6300км потрошени 330 литри бензин. Пресметано му дава 5.3л на 100км бензин. Возено по автопат, по магистрални, регионални и селски патишта. Исто многу градска и селска. Премногу чекање на граници и гужви.
На Автопат возено по знаци само во Австрија. Во Германија, Словенија, Хрватска, Србија, Косово, Македонија на автопат 140-160 (најчесто на темпомат и на некои места дури и со крајна брзина од 180).
По магистралните и регионалните патишта + 15 - 30 над дозволеното.
Во градиштата и селата стриктно по знаци заради поголема безбедност.
Цело време на инвертер клима наместена на 24 степени.
Феноменална кола. Тивка, брза, удобна.